ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ СДСМ И ДУИ ЌЕ РАЗГОВАРААТ ПО ГЛАСАЊЕТО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ СДСМ И ДУИ ЌЕ РАЗГОВАРААТ ПО ГЛАСАЊЕТО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИПремиерот Зоран Заев се надева дека ќе се најде претседателски кандидат кој ќе биде прифатлив решение за мнозинството граѓани. (Фото: СДК.МК)

    СДСМ и ДУИ не разговарале за името на консензуалниот претседател на државата за претседателските избори во 2019 година, изјави премиерот Зоран Заев.

    Дебата за името на консензуалниот претседателски кандидат, според Заев, ќе се отвори после завршување на гласањето на промените на Уставот во Парламентот. Седницата на која ќе се гласаат уставните промени е закажана за 9 јануари.

    „Сакам консензуален кандидат за претседател зад кој ќе застанеме сите. ДУИ не е единствениот коалиционен партнер, ги има повеќе. Верувам дека ќе изнајдеме сила да избереме кандидат, кој ќе биде прифатливо решение за мнозинството граѓани“, одговори Заев на новинарско прашање дали со ДУИ разговарале за заеднички кандидат за претседателските избори 2019 година на денешната прес-конференција за потпишувањето на договорот за заем за изградба на фотонапонска централа „Осломеј“.

    Заев потврди дека денес во 16 часот ќе се сретне со Биљал Касами, од Биљал Касами од тетовското крило на БЕСА со кого ќе разговараат за поддршка за уставните измени.

    „Сугестиите на двете албански опозициски партии делуваа позитивно. Нивните сугестии се вградени во амандманите, сакам да слушнам што ги загрижува“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира