ЗА МАЛОЛЕТНИКОТ ШТО ГО ПРЕГАЗИ ДОКТОРОТ ПРЕД КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПОСТАПКА ЌЕ СЕ ВОДИ ПО ЗАКОН ЗА ПРАВА НА ДЕТЕТО, РОДИТЕЛИТЕ НЕМААТ ОДГОВОРНОСТ

    ЗА МАЛОЛЕТНИКОТ ШТО ГО ПРЕГАЗИ ДОКТОРОТ ПРЕД КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПОСТАПКА ЌЕ СЕ ВОДИ ПО ЗАКОН ЗА ПРАВА НА ДЕТЕТО, РОДИТЕЛИТЕ НЕМААТ ОДГОВОРНОСТРодителите немаат одговорност со случајот - Клинички центар (Фото: СДК.МК)

    Шестнаесетгодишното момче без возачка дозвола, кое во четвртокот навечер го прегази абдоменалниот хирург и професор д-р Ѓорѓи Јота во Скопје, а кое е приведено во полиција, ќе одговара по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, каде за ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години. Но, бидејќи е малолетник, тој може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор, вели законот.

    Процедурата за неговата кривична постапка ќе се води по Законот за право на детето, бидејќи тој нема наполнето 18 години.

    На прашање, одговараат дека неговите родители немаат врска со настанот и немаат одговорност во случајов. Ако дојде до судење, нему ќе му суди судија за малолетници, а не судија од кривичен оддел на полнолетни лица.

    Во текот на денов се очекува МВР да излезе со анализите на крвта, за да знае обвинителот дали бил под дејство на алкохол или дрога. Тоа, велат органите на прогонот, би му ги отежнало околностите на малолетниот возач на „БМВ Х6“, кој го прегази и тешко го повреди пешакот Јота кој излегувал од Клиничкиот центар по крајот на работното време,  и во тој случај за него би се барала повисока казна.

    Тешко повредениот 58-годишен доктор има тешка повреда на главата и е во кома во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ.

    Несреќата се случила на улицата Мајка Тереза, поранешна Водњанска во Скопје во четвртокот во 20.30 часот. Малолетникот го прегазил и избегал, но набргу кај трговскиот центар Рамстор бил запрен и фатен.

    Не се знае точно со колкава брзина возел, тоа допрва ќе се вештачи, велат во Скопското обвинителство.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира