ЗА МОВЕМБЕР НЕМА СЛОБОДЕН ТЕРМИН ЗА УРОЛОГ ВО СКОПЈЕ

    ЗА МОВЕМБЕР НЕМА СЛОБОДЕН ТЕРМИН ЗА УРОЛОГ ВО СКОПЈЕГраѓани реагираат на социјалните мрежи дека слободен термин кај уролог во Скопје не може да најдат до крајот на годината. - Мапа на МојТермин (принтскрин)

    Во месецот на подигање на свеста за машкото здравје кога и глобално, а и во Македонија се одвива кампањата „Мовембер“ мажите над 45 години задолжително да појдат на преглед на уролог, во Скопје нема слободен термин кај овој вид специјалисти до јануари.

    Граѓани реагираат на социјалните мрежи дека слободен термин кај уролог во Скопје не може да најдат до крајот на годината.

    Според податоците од системот за електронско закажување термини „Мој Термин“, слободен термин за преглед на уролог за три дена има во општата болница во Дебар, за четири дена во клиничката болница во Тетово, за 10 дена во болницата во Куманово, а во болниците во Прилеп, Струмица, Струга, Штип, Битола и Кавадарци, слободен термин нема од 15 до 82 дена.

    За ехо на простата во Скопје слободен термин има само во здравствената станица во Железара во понеделник, а потоа на трети декември, а во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и во поликлиниката Бит Пазар слободни термини има на 28 и 31 декември.

    Од Министерството за здравство велат дека треба да проверат во системот за што точно се работи, односно да проверат според бројот на закажани прегледи и слободни термини што се дадени за да кажат на што се должи оваа состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира