ЗА ПОРТА МАКЕДОНИЈА СЕ КАЗНУВА, А ЈА НЕМА ВО СПИСОКОТ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ПОРТА МАКЕДОНИЈА СЕ КАЗНУВА, А ЈА НЕМА ВО СПИСОКОТ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

    Порта Македонија не е на списокот на Националниот информативен систем за културно наследство, според податоците од веб страницата на Управата за заштита на културното наследство. И зградата на Министерството за култура ја нема на тој список, иако според актуелниот ДУП на Дебар Маало тој објект е обележан како „објект под режим на заштита“.

    МВР вчера од Единицата за насилен криминал поднесе кривични пријави до демонстранти од Шарената револуција поради боењето на Порта Македонија и фасадата на Министерството за култура. За Порта Македонија, МВР напишало дека објектот на улица 11 Октомври 4-А е „недвижно културно наследство – културен споменик“.Седиштето на Министерството за култура во скопско Дебар Маало МВР на улица Мирослав Крлежабр 61 го категоризирала како „значајно културно наследство“.

    Уште на 3 мај САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати до Министерството за култура со барање да ни достави список на објекти заштитени од државата како  културно наследство.

    Еве ги прашањата на кои не одговараат од Министерството за култура:

    1. Кои објекти во централното градско подрачје на Скопје, во Мал Ринг и во Голем Ринг се заштитени како споменици на културата во моментов и кога се прогласени за споменици?
    2. Кои услови треба да ги исполни еден објект за да биде прогласен за споменик на култура?
    3. Што значи заштитата за објектите? 
    4. Каква законска казна е предвидена за нагрдување или уништување на споменик на културата? 
    5. Зошто на интернет станицата на Министерството за култура стои Список на заштитени добра но со состојба до 31.12.2012 година? Зошто не е објавен важечки список?

    Од Министерството за култура по една недела добивме известување дека треба да се обратиме до Управата за културно наследство. Инаку, Управата е државен орган во состав на Министерството за култура.

    На 16 мај се обративме до Управата за заштита на културно наследство со истите прашања.

    На 20 мај од директорот на Управата Виктор Лилчиќ добивме известување дека нашето барање „ведаш е распределено до службеникот одговорен за давање информации од јавен карактер“. Директорот Личиќ со допис до САКАМДАКАЖАМ.МК напиша: „Не се сомневајте дека нема да добиете службен одговор, напротив, затоа што е тоа наша обврска“.

    Одговор каков статус имаат објектите што се цел на боење за време на протестите против аболицијата на претседателот Иванов на 56 политичари и нивни соработници осомничени или под истрага за криминал се уште немаме добиено.

    Полицијата не чека. Вика на информативни разговори и поднесува кривични пријави.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари