ЗА ЖАЛ, ГРУЕВСКИ НЕ Е УАПСЕН ВО УНГАРИЈА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

    ЗА ЖАЛ, ГРУЕВСКИ НЕ Е УАПСЕН ВО УНГАРИЈА, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДААзилантот Никола Груевски со лисици на рацете беше спроведен во судница во Будимпешта на 27 јуни. Судот одлучи да го одбие македонското барање за екстрадиција. (Фото: ХВГ)

    Министерството за правда демантира дека избеганиот поранешен премиер Никола Груевски е уапсен во Унгарија, откако српскиот политичар Никола Сандуловиќ во интервју на 27 ноември кажа дека Груевски веќе два месеца е зад решетки, но македонскиот премиер Зоран Заев нема храброст да побара да биде испорачан.

    „Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција“, се вели во демантот на Министерството за правда.

    Сандуловиќ е лидер на српската вонпарламентарна Републиканска партија и во истото интервју за Јутјуб телевизијата „Српски колектив“ рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ има сида, а за српската премиерка Ана Брнабиќ кажа дека не знае дали е машко или женско.

    Од Министерството за правда потсетуваат дека веднаш по бегството на Никола Груевски, уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено.

    „Во прилог на ова е последниот допис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство. Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски“, велат од Министерството за правда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира