ЗАБРАНЕТ ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО ПОРАДИ МАКЕДОНСКА МУЗИКА

a:1:{s:9:"td_source";s:53:"Валандово,(САКАМДАКАЖАМК.МК)

    ЗАБРАНЕТ ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО ПОРАДИ МАКЕДОНСКА МУЗИКА

    Фолк фест Валандово нема да се одржи викендов како што беше планирано, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Причината е забраната од ЗАМП до медиумите да не емитуваат песни од автори кои се членови на здружението, а организаторите од Валандово немаат намера да го одржат 32. издание на фестивалот доколку тој не биде емитуван на МТВ. Ваква одлука донел и Советот на општината Валандово која се јавува како организатор на најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни.

    Сите вклучени во организацијата на фестивалот, пред се локалната самоуправа и Домот на културата,  упатија апел до авторите чии песни се избрани за ова издание на Фолк фест,  да направат отстапка и ЗАМП да ја повлече одлуката за забрана за емитување, само за фестивалските денови .

    „Немаме конкретен одговор кога ќе се одржи годинашново издание на Фолк фест Валандово, но до крајот на годинава се надеваме дека ќе го реализираме. Ги замолуваме авторите членови на ЗАМП  да направат отстапка  за овој фестивал“, кусо информираа од општина Валандово која со Министерството за култура се покровители на ова  музичка манифестација.

    Фестивалот требаше да стартува со ревијален дел во петок вечер, во живо ќе беа интерпретирани дваесетина песни од досегашните изданија, додека за сабота беше планиран натпреварувачкиот дел со  нови 20 композиции кои ќе беа во конкуренција за наградниот фонд од 30 илјади евра.

    Забрана за емитување на авторски музички дела по пат радиодифузно емитување од репортоарот на ЗАМП стапи во сила на 20 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира