ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ИЗЛЕГУВААТ ОД САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА, ПОМИНАА 14 ДЕНА ОД КОНТАКТОТ СО НОВИНАРОТ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ИЗЛЕГУВААТ ОД САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА, ПОМИНАА 14 ДЕНА ОД КОНТАКТОТ СО НОВИНАРОТ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски преку Фејсбук вечерва соопштија дека се негативни и на вторите тестови за коронавирус, во овие 14 дена по контактот со позитивниот новинар кој им правеше интервју на почетокот на април во студио. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се негативни и на вторите тестови за присуство на вирусот КОВИД-19. Тие ова денеска го објавија на Фејсбук профилите.

    „Денеска, согласно здравствените протоколи, ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирус, кој исто како и првиот тест, е негативен“, напиша Заев, им упати притоа и поддршка на заразениот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и на сите граѓани кои се зафатени од овој вирус.

    И Мицкоски истовремено се обрати на граѓаните со видео порака на фејсбук, како и неговиот политички соперник Заев.

    „Мојот карантин завршува, се посветувам на моите редовни активности. Овој Велигден е поразличен од оние кои ги паметиме“, пиша Мицкоски кој кажа дека се седењето дома со најблиските за празникот, ќе се спасат човечки животи.

    На деветти април двајцата беа тестирани откако се слушна дека новинарот Гоце Михајлоски со кого тие имаа интервју на 2 односно 3 април, е позитивен на коронавирус. И првите тестови на Заев и на Мицкоски беа негативни.

    Сепак, двајцата останаа во самоизолација дома 14 дена од денот на контактот со Михајлоски.

    Сите оние кои дотогаш имаа контакт со Заев и со Мицкоски, со оглед дека беа негативни на тестовите, не се во ризик, па по препораките на лекарите, не беа тестирани и не беа во изолација.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира