ЗАЕВ И ШЕЌЕРИНСКА ГО БОЈАТ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ И ШЕЌЕРИНСКА ГО БОЈАТ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

    Специјалната единица за боење има засилување. Вечерва врз Министерството за правда боја фрлаат лидерот на опозицијата Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шеќеринска.

    „Овде сме да се солидаризираме со сите другари и другарки кои се повикани во полициските станици и казнети со по 50 евра. Тука сме сите, сите фрлавме боја, нека не казнат сите. Не можат да не казнат сите и да не затворат. Оваа криминална Влада мора да падне“, рече Заев пред Министерството за правда каде вечерва се палат факели и се  скандира „Мафија на робија“ и „Шутка не ти бега Никола“.

    „Се пријавувам и јас сум хулиганка“ стои на транспаренотот на чело на колоната шарени револуционери, а специјалната единица за боење остава пораки на асфалтот секаде каде што поминуваат демонстрантите.

    Скопските шарени револуционери денес вторпат излегуваат на протест. Отако утрово ја обоија полициската станица Центар, тие вечерва се собираа и за вообичаениот протест кој почува пред СЈО. Се слушаат свирежи на труби, свирчиња, а пред СЈО се делеа бланко документи со кои демонстрантите потврдуваат дека се дел од Шарената револуција и ги ополномоштуваат адвокатите да ги застапавуваат ако бидат повикани на информативни разговори.

    „Марширајќи по улиците се ослободуваме, а сега чекориме кон институциите за да ги ослободиме и нив. Нашите зборови, свирежи и бои се предвесник на едно ново време. Време на активни граѓанки и граѓани кои ќе ги зауздаат разулавените и одметнати институции“, стои на Фејсбук страната на „Протестирам“.

    Граѓаните на улица бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари