ЗАЕВ ИМ НАРЕДИ НА РОДНИНИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ ДА СИ ДАДАТ ОТКАЗ

    ЗАЕВ ИМ НАРЕДИ НА РОДНИНИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ ДА СИ ДАДАТ ОТКАЗПремиерот Зоран Заев кажа и дека очекува одлуки и постапки за масовниот непотизам кој ВМРО-ДПМНЕ од Антикорупциската комсија. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    По вчерашната седница на Антикорупциската комисија, на кој беше утврден сомнеж за непотизам при вработувања на роднини на функционери, премиерот Зоран Заев кажа дека испраќа директна наредба до сите за чии вработувања се констатирани неправилности да се повлечат од работните места. Зборувајќи на трибина во Прилеп, тој синоќа ги повика на политичка и професионална одговорност и оние кои направиле непотизам.

    „Граѓаните реагираат, независните институции проверуваат и постапуваат. Системот функционира и еве ги одлуките. Ова е порака до сите за чии вработувања се констатирани неправилности. Директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Секако, повикувам на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните“, кажа Заев.

    Сепак, тој кажа дека од Антикорупциската комисија очекуваа одлуки и за случаите на, како што рече, другата страна, кои се многукратно побројни.

    „Очекувам одлуки и постапки за масовниот непотизам кој ВМРО-ДПМНЕ го рашири во државата и со кој сега се справува целото општество“, кажа премиерот и лидер на СДСМ.

    Вчера, Антикорупциската комисија, меѓу другите, утврди неправилности при вработувањата на сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, сестрата и мајката и таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски, синот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска и и сестрата на министерот за култура Асаф Адеми.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари