ЗАЕВ ИМ ВЕТИ НА ПАРТИЗАНИТЕ ДЕКА ЌЕ ИМ ГИ ВРАТИ КАНЦЕЛАРИИТЕ

    ЗАЕВ ИМ ВЕТИ НА ПАРТИЗАНИТЕ ДЕКА ЌЕ ИМ ГИ ВРАТИ КАНЦЕЛАРИИТЕБорците од НОБ протестираа против одлуката на Основниот суд Скопје 2 да им го одземе имотот на 19 декември 2012 година. (архивска фотографија)

    Премиерот Зоран Заев се договори со Сојузот на борци од НОБ Владата да помогне со соодветен простор за функционирање со оглед дека им беше одземен имотот, соопштија од Владата по денешната средба на Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска со претставници на Сојузот на борци.

    „На средбата е договорено Владата да помогне на Сојузот на борци на Република Македонија со соодветен простор за функционирање со оглед дека им е одземен нивниот имот, за кој што организацијата планира низ правни процедури да дојде до правдата. Исто така, претставници на организацијата ќе бидат вклучени во одбележувања значајни датуми за Република Македонија и во сите други државни настани, со што ќе се врати значајното место на борците во општествениот живот во Република Македонија“, се вели во соопштението.

    Заев денеска се сретна со претставници на Сојузот на борци, Вера Бунтевска, в.д.претседателка на Главниот одбор на Сојузот на борци на Република Македонија, Евзи Мемети, потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на борци на Република Македонија и Трајко Стаматоски, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ.

    Сојузот на борци беше присилно иселен од просториите на улицата Даме Груев во центарот на Скопје во декември 2012 година. Набрзо по иселувањето, борците одржаа протестен марш од одземените простории до Владата, но Сојузот остана на улица.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари