ЗАЕВ МЕ ИЗМАНИПУЛИРА ДЕКА СТРАНСКИ ОБВИНИТЕЛ ИМАЛ СЀ ЗА МЕНЕ, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“

    ЗАЕВ МЕ ИЗМАНИПУЛИРА ДЕКА СТРАНСКИ ОБВИНИТЕЛ ИМАЛ СЀ ЗА МЕНЕ, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“Боки 13 се сомнева дека ќе допре несакајќи некоја од соголените жици од бојлерите во Шутка. - Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски-Боки 13 во продолжение на сведочењето кажа дека тој за ова обвинение знаел уште на 3 април, му кажал тогашниот премиер Зоран Заев.

    „Сега ќе ви ја кажам целата конструкција на ова обвинение. Камчев ми кажа дека ангажирал адвокат близок со Вилма Русковска. Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега. На 3 април гостуваше Заев во телевизијата. По емисијата разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица нè следеле странски служби. Ме уплаши и изманипулира дека странски обвинител имал сè за мене. Жал ми е што не се вештачи мојот мобилен да се види целата комуникација со Заев, но и со Оливер Спасовски кому му пријавив дека Орце ме снима“, кажа Боки 13.

    „Случајот го пријавил Камчев и извесен Радивоје од Бугарија, кој го учел да снима. Зошто не го прифати судот Заев за сведок? Кај него пријавил Орце криминал. Зошто не отишол Орце кај Вилма? Која е улогата на директорот на УБК Горан Николовски кој само ја ислушал Ана Камчева наводно дека сум ги рекетирал, а не направил службена белешка? Овие сведоци судот не ми ги прифати”, забележа Јовановски.

    Поради ова сум во притвор, рече тој. Се посомнева дека ќе допре несакајќи некоја од соголените жици од бојлерите во Шутка, или дека ќе се самоубие, како што рече, во кофа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира