ЗАЕВ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЦИПРАС ЗА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

    ЗАЕВ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЦИПРАС ЗА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА„Заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“ напиша премиерот Заев на неговиот Фејбук профил.-Заев и Ципрас на потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев му честиташе на грчкиот премиер Алексис Ципрас за ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентот во Атина.

    „Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, напиша премиерот Заев на неговиот фејсбук профил.

    „Северна Македонија се роди денеска. Ќе биде пријател и сојузник на Грција во нејзините напори за безбедност, стабилност и заеднички развој во регионот. Идните генерации ќе им бидат благодарни на овие пратеници кои, покажувајќи храброст и смелост, ја поставија основата за мирна иднина, солидарност и соживот меѓу нашите народи. Денеска пишуваме ново поглавје во историјата на Балканот. Националистичката омраза, кавгите и судирите сега се заменети со пријателство, мир и соработка“, напиша Ципрас на Твитер по ратификацијата.

    Грчкиот парламент попладнево со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа, со кој се става крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија и кој, меѓу другото, предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија. Со ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент се отвора вратата за наше членство во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира