ЗАЕВ: НЕМА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ, ЌЕ ИМА ПОСИЛНИ ПРОТЕСТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ: НЕМА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ, ЌЕ ИМА ПОСИЛНИ ПРОТЕСТИ

    Лидерот Зоран Заев денеска истакна дека избори на 5. јуни нема да има, но оти битката за Македонија продолжува.

    „Протестите се во тек и ќе се интензивираат“, рече Заев и повика на ненасилни протести. Тој истакна дека сите знаат оти нема услови за фер избори, бидејќи Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиуми, а притисоците и неразграничувањето на државата од партијата продолжуваат, Уставот е мртов, исто како и договорот од Пржино, кој веќе е погребан.

    „Во земјава е извршен државен удар, техничката Владата ја укинаа со поништување на сите одлуки на министрите од СДСМ. Никола Груевски и останатата корумпирана и криминална група прават сѐ, во обид да се заштитат од криминалот. Оние кои ја крадеа волјата на народот, бруталноја злоупотребуваа власта, ги погазија сите граѓански права, денеска порачуваат дека демократијата не живее овде, помилувајќи се самите себе“, рече Заев.

    „Ја носат Македонија во изолација, претседателот Иванов денеска уште еднаш потврди дека ниту еден ден повеќе не треба да остане на таа позицијата. Нема да дозволиме Никола Груевски и останатите да ја држат во заложништво иднината на земјата. Демократијата, слободата и правдата ќе живеат во Македонија, на 5 јуни нема да има избори. Денеска во еден глас порачуваме: Македонија се крена!“, истакна Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира