ЗАЕВ И ЦИПРАС СЕ МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ЗА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР, ВЕЛИ ШВЕДСКИ НОВИНАР

    ЗАЕВ И ЦИПРАС СЕ МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ЗА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР, ВЕЛИ ШВЕДСКИ НОВИНАРМакедонската и грчката влада предводени од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици) го потпишаа договорот со кој, ако биде имплементиран во двете земји, ќе се реши 27-годишниот спор за името. (Фото: Влада)

    Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, вели Виктор Нумелин, новинар на шведската агенција ТТ, специјализиран за Нобеловите награди, во интервју за грчката агенција АНА.

    „Тие се меѓу фаворитите, сигурно. Тешко е да се каже кој е номиниран, а кој не е номиниран, бидејќи тоа е половично тајна, но тие беа споменувани за наградата. Секоја година има многу шпекулации и дискусија околу тоа кој ќе ја добие наградата за мир и на која област би се насочило вниманието. Оваа година, тие зборуваат многу корејскиот полуостров, ситуацијата со бегалците и за ситуацијата меѓу Грција и Македонија со преговорите“, вели Нумелин.

    Според шведскиот новинар, многумина во комитетот што ја доделува Нобеловата награда за мир сметаат дека тоа би било совршена награда.

    „Би било совршено Нобеловата награда за мир, на пример, да им се додели на премиерите на двете земји или на некој друг кој преговарал“, додаде Нумелин.

    Слабата излезност на завчерашниот референдум во Македонија може да влијае на одлуката, но шведскиот новинар вели дека ништо не е невозможно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира