ЗАГИНА 22-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРЕГАЗЕНА ОД 20-ГОДИШНИК НА ПАРТИЗАНСКА ВО СКОПЈЕ

    ЗАГИНА 22-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРЕГАЗЕНА ОД 20-ГОДИШНИК НА ПАРТИЗАНСКА ВО СКОПЈЕДевојката починала на самото место на несреќата. (Фото: СДК.МК)

    Загина  22-годишна девојка синоќа во Скопје, кога на булеварот Партизански одреди ја удри кола што ја возел 20-годишник, соопшти Обвинителството.

    Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место и според првичните сознанија, до несреќата дошло кога „пежо“ со скопски регистарски ознаки што го возел 20-годишникот удрило во девојката, која добила тешки повреди и веднаш починала.

    Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира