ЗАКОНОТ СО КОЈ ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО ЌЕ БИДЕ 12 МЕСЕЦИ УШТЕ Е ВО РАБОТНИ ГРУПИ

    ЗАКОНОТ СО КОЈ ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО ЌЕ БИДЕ 12 МЕСЕЦИ УШТЕ Е ВО РАБОТНИ ГРУПИОд Министерството велат дека станува збор за целосно ново законско решение, не се менува само породилното отсуство туку и други одредби и затоа е потребно повеќе време за негово изготвување. (Фото: Архива СДК.МК)

    Нема абер од донесување на новиот Закон за работни односи со кој породилното отсуство ќе се зголеми на 12 месеци. Од Министерството за труд и социјална политика лани најавија дека во јуни Законот ќе оди на јавна расправа, по што ќе почне постапката за усвојување и во 2022 да стапи во сила. Но, законското решение сè уште не е изработено, а не пак да почне постапката за усвојување во Собранието.

    Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во крајна фаза е подготовката на Законот и наскоро ќе биде на јавна расправа.

    „Законот за работни односи во моментов е во работни групи, при крај е неговата подготовка и наскоро ќе може да се отвори јавна дебата. Потоа ќе треба да помине на Влада, па на усвојување во Собранието. Станува збор за целосно ново законско решение, не се менува само породилното отсуство туку опфатени се и други одредби од законот, кој со године не бил сменет и затоа е потребно повеќе време за негово изготвување“, велат од Министерството за труд и социјална работа.

    Според најавите на ексминистерката Јагода Шахпаска, со Законот мајките ќе можат да користат породилното отсуство од 12 месеци, наместо како сега 9 месеци, а татковците ќе имаат можност да користат 10 денови отсуство за раѓање на детето.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира