ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ ГОТОВ И ДЕНОВИВЕ ОДИ НА ВЛАДА, НЕ СЕ ДОЗВОЛУВА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, КАЖА БОЧВАРСКИ

    ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ ГОТОВ И ДЕНОВИВЕ ОДИ НА ВЛАДА, НЕ СЕ ДОЗВОЛУВА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, КАЖА БОЧВАРСКИМинистерот Благој Бочварски рече дека спорните делови и забелешките кои ги добиле од стручната јавност се земени предвид со новиот закон и почнува постапката за усвојување. (Фото: СДК.МК)

    Законот за легализација на дивоградби е готов и во наредните денови треба да се најде на владина седница на усвојување, по што ќе биде предаден во Собранието. Законот, кој пратениците на опозицијата и власта заедно го изглсаа во мај, откако не беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски по големиот број реакции од јавноста, беше вратен на доработка и измени на спорните членови во Министерството за транспорт и врски.

    Министерот Благој Бочварски денеска изјави дека спорните делови и забелешките кои ги добиле од стручната јавност се земени предвид со новото законско решение и сега повторно се почнува постапката за негово усвојување.

    „Откако ќе помине на Влада ќе оди по редовна постапка во Собранието, со што очекуваме сите заинтересирани и засегнати страни да земат активно учество и да го видат законот. Направивме квалитетни подобрувања после сите опсежни консултации со Асоцијацијата на архитекти, со Комората на овластени архитекти и со дел од политичките партии“, рече Бочварски денеска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Кочани.

    Со новото законско решение нема да се дозволи легализација на дивоградби во заштитени подрачја, како што се предвидуваше со претходното решение. Ќе биде воведена скалеста цена на комуналии односно колку објектот е поголем толку поголема ќе биде стапката по која ќе се пресметува висината на комуналиите.

    „И понатаму нема да се дозволува легализација на станбени објекти. Направивме доста консултации, оставаме можност фелата да се изјасни и во наредниот период. Отворени сме за секое прашање со цел подобрување на законското решение“, рече Бочварски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира