ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СТАРТУВА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА СО НАД 40 АМАНДМАНИ

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СТАРТУВА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА СО НАД 40 АМАНДМАНИДосега се поднесени над 40 амандмани, од кои 20 се на ВМРО-ДПМНЕ, 16 на СДСМ, 10 на ДУИ - Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби (Фото: СДК.МК)

    Тргна процедурата за носење на Законот за Јавно обвинителство, кој треба да го спои Специјалното јавно обвинителство со Обвинителството за организиран криминал и корупција. Досега се поднесени над 40 амандмани, рече претседателот на Комисијата Артан Груби, од кои 20 се на ВМРО-ДПМНЕ, 16 на СДСМ, 10 на ДУИ.

    Амандманите се усогласуваат, за да нема некои што се повторуваат, што не се однесуваат на предлог законот и слично. Во моментов се архивираат и нови амандмани, напомена Груби.

    Во исто време, Советот на јавни обвинители расправаше за да донесе одлука за покренување на иницијатива за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, за нестручно и несовесно работење. Таа одлука, треба да стигне до собраниската комисија за избори и именувања, а потоа и до сите пратеници на седница.

    Ако првин биде разрешена Јанева, а не обратно, првин да биде донесен Законот за јавно обвинителство, се загрозуваат сите истраги и обвиненија на, СЈО за кои има судења и пресуди.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари