ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА СЕ СПРЕМНИ ЗА УСВОЈУВАЊЕ ОД МАРТ ЛАНИ, А КОВАЧЕВСКИ МУ НАРЕДИ НА НИКОЛОВСКИ ДА ПРАВИ НОВ ЗАКОН

    ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА СЕ СПРЕМНИ ЗА УСВОЈУВАЊЕ ОД МАРТ ЛАНИ, А КОВАЧЕВСКИ МУ НАРЕДИ НА НИКОЛОВСКИ ДА ПРАВИ НОВ ЗАКОНПроблемот со уличните кучиња се актуелизираше деновиве откако стружанец со ловечка пушка уби десетина кучиња на 10 јануари. - Улични кучиња во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во март 2022 подготви измени на Законот за заштита и благосостојба на животните со кои, ако се спроведува законот, ќе почне да се решава проблемот со бездомните кучиња, но нивното усвојување заглави.

    Предложените законски измени сè уште не се стигнати на разгледување и усвојување во собрание, а премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека му дал налог на министерот за земјоделство Љупчо Николовски да подготви сосема нов закон за миленици.

    Според предложените законски измени, објавени на ЕНЕР во март лани, сопствениците на кучиња се обврзани да го стерилизираат својот миленик, освен во случај ако се регистрирани сопственици на куче или имаат регистрирано одгледувачница. Понатаму, регистрираните сопственици и одгледувачниците мораат да го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, да ги идентификуваат и регистрираат младенчињата пред да ги подарат или продадат на друг сопственик, како и да ги пријават лицата кај што ги вдомиле младенчињата.

    Во случај да се донесат и потоа да се спроведуваат овие законски измени, тие ќе придонесат за драстично намалување на бројот на бездомни кучиња, бидејќи најголем дел од уличните кучиња се напуштени од сопствениците и потоа неконтролирано се размножуваат.

    Проблемот со уличните кучиња се актуелизираше деновиве откако стружанец со ловечка пушка уби десетина кучиња на 10 јануари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира