На барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, замрзнат е имот и сметки на притворените ексминистри за земјоделие Михаил Цветков, Александар Спасеноски и Христијан Делев, како и на осомничениот пратеник и ексминистер за земјоделие Љупчо Димовски, кому собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања му го симна пратеничкиот имунитет во саботата и се очекува Судот дополнително да одлучи за неговото барање за притвор.
Четворицата се осомничени дека во периодот на нивното министерување во 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, толерирале неплаќање закуп на државно земјоделско земјиште со што државата ја оштетиле за 1,5 милион евра.
С. К. ДЕЛЕВСКА