ЗАМРЗНАТ ИМОТОТ И ФИНАНСИСКИТЕ ТРАНСАКЦИИ НА КАМЧЕВ И ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО „ИМПЕРИЈА“ НА СЈО

    ЗАМРЗНАТ ИМОТОТ И ФИНАНСИСКИТЕ ТРАНСАКЦИИ НА КАМЧЕВ И ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО „ИМПЕРИЈА“ НА СЈОСудија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица; Бизнисменот Орце Камчев на 9 ноември беше внесен директно во гаражата на судот со возило со затемнети стакла следено од возило на СЈО, а потоа во притвор во Шутка (Фото: К. Попов)

    Судија на предходна постапка постапувајќи по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Империја“ за определување мерка за привремено одземање на имот заради обезбедување, определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката.

    Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена на  Орце Камчев сопственикот на „Орка холдинг“, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски од  вкупно 12 осомничени во „Империја”. Мирчевски е директор на контроверзната оф-шор компанија „Ексико“, Панделески е директор на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и сопственик на „Пелистерка“, Јосифовиќ е соработник на Камчев, а Арсовска е сметководителка во неговите фирми.

    „Судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица“, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1, Скопје.

    Во однос на решенијата на судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство во предметот  означен како „Империја“, во текот на денот до судот биле доставени жалби од одбраната кои веднаш биле се испратени на одговор кај надлежното обвинителство, а по добиениот одговор Кривичниот совет дополнително ќе одлучува по истите“.

    Специјалното јавно обвинителство на 9 ноември отвори истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира