Засега нема да се воведуваат ПЦР тестови за државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои транзитираат низ земјава.
На денешната седница на Комисијата за заразни болести се разгледувало ова прашање и Комисијата вели дека ќе продолжи„ будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки“.
„Според постојните мерки, граѓаните на овие земји кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја“, соопшти Министерството за здравство по состаноот на Комисијата.
А. АНТЕВСКА