ЗАВРШУВА КАРАНТИНОТ ВО ДЕБАР, ЛИЦАТА ОД ДРУГИ ГРАДОВИ КОИ БЕА ЗАТЕЧЕНИ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЗАВРШУВА КАРАНТИНОТ ВО ДЕБАР, ЛИЦАТА ОД ДРУГИ ГРАДОВИ КОИ БЕА ЗАТЕЧЕНИ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВо општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена вонредна состојба на 13 март. Во Дебар досега вкупно има 43 лица дијагностицирани, од кои две починаа.(Фото: ДЗС)

    Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека денеска, по два последователни негативни теста според протоколот, од Инфективната клиника на домашно лекување се испратени едно лице од Скопје и едно лице од Дебар.

    „Завршува и карантинот од 14 дена во Дебар, и лицата кои беа затечени во градот, а живеат во други градови ќе бидат тестирани и согласно резултатите ќе бидат пуштени да си одат дома“, рече тој. Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена вонредна состојба на 13 март. Во Дебар досега вкупно има 43 лица дијагностицирани, од кои две починаа.

    Досега шест вработени лица од Кожната клиника се позитивни на коронавирус. Во изминативе два дена се тестирани две групи, со оглед на тоа дека станува збор за голема бројка од околу 180-190 лица кои беа во контакт со поранешната директорка на Клиниката за дерматологија. Таа беше тестирана за позиитвна на 9 март. Министерот вчера кажа дека од тестирани 30, пет се позитивни, а денес кажа дека вирусот е потврден кај едно лице од Клиниката. Во наредните денови ќе се тестираат останатите лица кои беа во контакт со докторката.

    Министерот кажа дека добиле одговор од повеќе донатори, дека се очекува донација од респиратори од Норвешка на почетокот на април, а дека побарале донација од Кина и очекуваат одговор во наредните денови. Наскоро ќе стигнат и 500 илјади маски и 20 илјади тестови.

    Филипче ѝ се заблагодари на американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, за поддршката која ја дава во осовременуваеето на лабораторијата во Институтот за јавно здравје. Исто така, во тек е онлајн тренинг во соработка со Универзитетот Браун од САД, за 20 доктори и 20 медицински лица, кои ќе станат тренери и ќе го пренесат знаењето на останатите колеги за искуствата од лекувањето на пациенти со коронавирус.

    Во земјава вкупно има дијагностицирани 201 лице, од кои три се излечени, а три починаа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира