ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ ВРАБОТУВА 40 ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ЧЕКА ОДОБРУВАЊЕ ЗА УШТЕ 40 ДОКТОРИ

    ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ ВРАБОТУВА 40 ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ЧЕКА ОДОБРУВАЊЕ ЗА УШТЕ 40 ДОКТОРИ„Во тек е оглас за прием на лекари и средно медицински персонал. Бараме рендген техничари, биохемичари, фармацевти, логопеди и други специјалности, кои недостигаат. Наредниот оглас ќе биде исклучиво за прием на доктори, бидејќи тие најмногу недостасуваат“, вели директорот на Здравствен дом Злате Мехмедовиќ (Фото: СДК.МК)

    Во тек е оглас за вработување на 40 специјалисти и средномедицински кадар во Здравствен дом Скопје, е планиран е уште еден оглас за вработување на 40 доктори, кажа министерот за здравство Венко Филипче, на потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Министерството за здравство, Фондот за иновации и технолошки развој и амбасадата на Израел.

    „Системот за Итна медицинска помош е навистина компромитиран, пред сè заради кадарот, заради опремата, но и заради организацијата. Огромен број доктори и медицински сестри изминатиот период ја имаат напуштено таа служба и ние ги преземаме сите чекори да го зајакнеме системот, гледано од сите аспекти. Заврши набавката на возилата за итна медицинска помош и ги очекуваме да стигнат, од кои најголем број ќе одат во Скопје. За прием на нов кадар во Здравствен дом во Скопје, во тек е оглас за 40, а ќе има и посебен оглас за 40 доктори, бидејќи тие најмногу недостигаат“, рече Филипче.

    Во поликлиниките во Скопје и покрај тоа што има релативно добри просторни услови за обезбедување секундарна здравствена заштита, во многу од нив кабинетите, лабораториите и рендген дијагностиката функционира во една смена поради недостиг од кадар. Здравствен дом Скопје за поликлиниката Чаир купи нов дигитален мамограф, но снимање се прави во една смена поради недостиг од доктори. Во останатите поликлиники за да се обезбеди работа во две смени ангажирaни се и доктори кои се веќе во пензија.

    Од Здравствен дом Скопје велат дека со овој оглас бараат и лекари и медицински сестри, а со наредниот што го очeкуваат одобрението од Министерство за здравство кој ќе биде само за доктори, бараат специјалисти од сите профили, а најголем дел од вработувањата ќе бидат за Итната медицинска помош.

    „Во тек е оглас за прием на лекари и средно медицински персонал. Бараме рендген техничари, биохемичари, фармацевти, логопеди и други специјалности, кои недостигаат. Наредниот оглас ќе биде исклучиво за прием на доктори, бидејќи тие најмногу недостасуваат“, вели директорот на Здравствен дом Злате Мехмедовиќ.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари