ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ НЕ УТВРДИ ПРОПУСТИ КАЈ БРЗАТА ПОМОШ, МАТИЧНИОТ ЛЕКАР И ПРИВАТНАТА БОЛНИЦА ЗА СКОПЈАНЕЦОТ КАЈ КОГО ПОСМРТНО БЕШЕ ДИЈАГНОСТИЦИРАН КОВИД-19

    ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ НЕ УТВРДИ ПРОПУСТИ КАЈ БРЗАТА ПОМОШ, МАТИЧНИОТ ЛЕКАР И ПРИВАТНАТА БОЛНИЦА ЗА СКОПЈАНЕЦОТ КАЈ КОГО ПОСМРТНО БЕШЕ ДИЈАГНОСТИЦИРАН КОВИД-19На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека епидемиолозите имаат сериозен проблем со семејството на починатиот скопјанец. - Возила на Брза помош пред Инфективната клиника (Фото: СДК.МК)

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не утврди пропусти по спроведениот вонреден надзор во институциите кои имале контакт со 53-годишниот скопјанец, кој на 27 мај беше донесен починат во една приватна болница, а неговиот брис земен пост мортем беше позитивен на тестот за коронавирус. ДСЗИ спроведе вонреден надзор во приватната болница, итната медицинска помош и кај матичниот доктор на починатиот пациент.

    Од извршените надзори, од ДСЗИ констатирале дека пациентот имал симптоми неколку дена претходно.

    „Итна медицинска помош (ИМП) била повикана на 26.05.2020 во 22,30 часот, кога е прегледан и ординирана е соодветна терапија, бидејќи било констатирано дека не треба да се хоспитализира. На 27.05.2020, од страна на сопругата , кај матичен доктор препишана е терапијата, ординирана од ИМП. Три часа покасно, телефонски е известен матичниот доктор за нагло влошување на состојбата на пациентот, заради што веднаш е креиран упат до ГОБ ‘8 Септември’. Пациентот е однесен во приватна болница, каде што е почнато веднаш со реанимација, која за жал завршила неуспешно и од медицинскиот тим е констатиран летален исход. ДСЗИ нема констатирано пропусти во ниту една од институциите во кои се вршени инспекциските надзори“, велат од инспекторатот, од каде што постапиле веднаш по добиената информација за починат пациент во една од приватните болници, за кој е добиена информација дека брисот е земен во тек на реанимацијата.

    На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче  кажа дека епидемиолозите имаат сериозен проблем со семејството на починатиот скопјанец.

    „Многу беше тешко да се пристапи до семејството, кое апсолутно одбивало контакт со епидмиолозите, како за организирање на погребот така и во однос на давање податоци за контактите и присутните на погребот“, изјави Филипче.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира