ЗДРУЖЕНИЕТО ЕСЕ СО БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ НА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

    ЗДРУЖЕНИЕТО ЕСЕ СО БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ НА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВОЗдружението лани дало правна поддршка во вкупно 242 различни видови случаи поврзани со семејно насилство. (Фото: ЕСЕ)

    Бесплатна правна помош на жртвите на семејно насилство, телефонски и онлајн, нуди Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

    Правна помош може да побараат преку телефонскиот број 02 3117 866, а од неодамна и онлајн преку платформата побарајсовет.мк.

    „Жртвите на семејно насилство многу често не се свесни дека им е потребна правна помош за да излезат од магичниот круг во кој се заробени. Центарот за правна помош на Здружението ЕСЕ во 2020  даде правна поддршка во вкупно 242 различни видови случаи поврзани со семејно насилство. Пред сè станува збор за предмети за развод на брак, издршка, старателство, имотни односи, социјална заштита и кривични постапки “, вели Стојан Мишев од Здружението.

    Оттаму додаваат дека од 2002 година до денес обезбедиле бесплатна правна помош и психолошка поддршка на повеќе од 4.000 жени кои се соочиле со насилство во својот дом.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира