ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ШКОЛСКИ ДЕЦА БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС, КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПОВИКА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ШКОЛСКИ ДЕЦА БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС, КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПОВИКА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТВо моментов нема простор за загриженост школските деца кои следат настава со физичко присуство, но состојбата се следи, вели Комисијата. (Фото: Принтскрин од видео)

    Кај возрасната група од 6 до 14 години има зголемување на бројот на позитивни случаи, тоа се школските деца кои следат настава со физичко присуство, соопштија од Комисијата за заразни болести на денешната прес конференција. Во моментов нема простор за загриженост, но состојбата се следи.

    „Во земјава се забележува намалување на вкупниот број заболени и подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава право да кажеме дека е добра, на тоа нè потсетува возрасната група од 6 до 14 години каде има зголемување на бројот на нови случаи. Тоа се школските деца кои ја тераат наставата со физичко присуство. Апелираме доследно да се следат протоколите за изведување на наставата со физичко присуство и апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето“, рече претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски.

    За наставата на факултетите која се одвива онлајн, Комисијата предлага на сите факултетитаа  да се насочува кон физичко присуство и студентите и наставниот кадар да се вакцинираат.

    Од 6 до 9 и од 10 до 14 години се двете групи на школски деца кај кои има тренд на зголемување и минатата и оваа недела. Од Комисијата рекоа дека кога ќе се каже дека зголемувањето кај нив е над 40 проценти, за што сведочат и бројките од Институтот за јавно здравје, звучи страшно. Но, факт е дека разликата на новозаболени деца од минатата недела до оваа е 120 нови случаи, а во државата има над илјада училишта. Распределбата по општините е рамномерна, не станува збор за бум во една општина. Епидемиолошката служби кои се во контакти со кооринаторите во училиштата онаму каде што треба ја проценуваат реалната опасност и налагаат распуштање на цела одделение или тестирање.

    „За скринингот во училиштата денес Комисијата даде препораки и насоки да се задолжат здравствени институции согласно утврдената методологија да се започне со скринингот и да се заврши во најбрзо време за да се добијат релевантни податоци за трансмисијата во училиштата посебно поради лесното големување на бројките во возрасната група од 6 до 14 години. Скринингот треба да биде репрезентативен за цела држава, а бројката на деца тестирани би била околу 2.000 и целата процедура нема да биде подолга од една недела“, рече Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

    За да се скрати долгиот период на чекање за тестирање за ковид-19 отворени се  неколку дополнителни пунктови. Во Скопје од денес активни се пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар, а термини можат да се закажат преку матичен лекар. Дополнително ќе се отворат и поранешните пунотови кои беа активни во пандемијата низ државата во Центрите за јавно здравје.

    Од Комисијата апелираа граѓаните да се вакцинираат и да стават трета доза зашто тоа е најсилна мерка за заштита од коронавирустот.

    „Гледаме деновиве разноразни дебати, шарлатански ќе ги наречам, кои ги ставаат во прашање овие податоци, ова се проверливи податои и апсолутно најсилни. Смртноста од ковид анализите упатува кон фактот дека најголем дел од починатите се невакцинирани или нецелосно вакцинирани со две дози пред повеќе од шест месеци. Вакцинирани со трета доза без коморбидитети нема во починатите, а и во хоспитализираните се многу малку. Третата доза ефикасно штити од хоспитализација и смрт“, рече Петличковски.

    Тој посочи дека кај населението над 70 години солиден е процентот на лица кои се имунизирале, но помладите се полабави по ова прашање и аплеираше подобро да размислат.

    Рече дека серолошки скрининг се спроведува на повеќе локации во Скопје, но не ги откриваат за да не доаѓаат луѓе наменски да се тестираат, туку случајни минувачи. Вчера биле собрани 200 промероци, а во Скопје ќе има 1.000 испитаници на пет различни локации. На почетокот на идната недела очекуваат да имаат податоци за серопреваленцата во Скопје, а паралелно има тестирања и низ државата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира