ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ПРЕКУ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА МОЖЕ ДА ПОБАРААТ ПОМОШ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

    ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ПРЕКУ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА МОЖЕ ДА ПОБАРААТ ПОМОШ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕАпликацијата ,,Биди безбедна” е достапна на македонски, албански и ромски.-Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.(Фото:МТСП)

    Жртвите на семејно населство отсега помош ќе можат да побараат и преку мобилна апликација. Министерството за труд и социјална политика заедно со УНДП ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, која е достапна на три јазици, македонски, албански и ромски.

    Апликацијата ќе им помогне на жртвите брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога имаат потреба од поддршка. Со вклучување на геолокаторот само со еден клик жртвите го испраќаат својот мобилен телефонски број и точната локација на која што се наоѓаат до Националната СОС линија за жртви на семејно насилство. Веднаш  потоа, жртвата ќе биде исконтактирана од одговорните лица.

    „Апликацијата е најпотребна токму сега, во период на корона криза, кога постои ризик случаите на семејно насилство да се зголемат. Преку опцијата ‘Важни контакти‘ може да се исконтактираат сите институции и здруженија на граѓани кои даваат помош и поддршка на жртвите на сите видови на родово базирано насилство. Оваа апликација нуди многу можности, вклучувајќи ја и опцијата корисниците да си изберат броеви за поддршка од својот именик, член од семејството, личност од орган, институција, невладина организација или било која друга личност на која ѝ веруваат“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Според податоци на Клиниката за психијатрија од почетокот на пандемијата на ковид-19 за 25 отсто се зголемени случаите на семејно насилство.

    Апликацијата „Биди безбедна“ е достапна на Андроид и Иос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира