ЗА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА СЛУЧАЈ ОТВОРИ И ОБВИНИТЕЛСТВО ОД ИТАЛИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА СЛУЧАЈ ОТВОРИ И ОБВИНИТЕЛСТВО ОД ИТАЛИЈА

    И Обвинителството од Тревизо, Италија отвори случај за авионската несреќа од вторникот попладне кај Скопје, во која загинаа шестмина италијански државјани. Од авиоклубот во Тревизо, чијашто сопственост беше малиот авион велат дека ќе биде тешко да се реконструира што точно се случило.

    „Овој тип на авиони не е опремен со црни кутии. Често има и повеќе од една причина за несреќа. Сепак, во областа имаше лоши временски услови“, изјави инструкторот од авиоклубот Тревизо, Џон Тесари, за локалните медиуми.

    Од македонското јавното обвинителство вчера соопштија дека завршиле со снимањето со дрон на местото на несреќата и дека телата на загинатите се предадени во Институтот за судска медицина, каде ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНK анализи. Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и денеска.

    Во авионската несреќа што се случи во вторникот попладне во близина на Скопскиот аеродром загинаа сите шест патници во малиот авион „пајпер“, вклучувајќи ги претседателот и потпретседателот на авиоклубот Тревизо Франческо Монтањер и Дарио Бастасин. Авионот полета од Тревизо во 14 часот кон Приштина, а во 17.40 часот требаше да слета во Скопје за да наполни гориво. Четири минути пред планираното слетување, „пајперот“ исчезна од радарот на Скопскиот аеродром. Остатоците од паднатиот авион беа пронајдени во атарот на селото Кожле на оддалеченост од помалку од 20 километри од аеродромот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира