ЗНМ НА 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ ПРОТЕСТИРА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗНМ НА 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ ПРОТЕСТИРА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

    Здружението на новинари на Македонија на 1 септември ќе организира протест за ослободување на новинарот Зоран Божиновски, соопшти претседателот на ЗНМ Насер Селмани. Протестот ќе се одржи пред Основниот суд во Скопје, каде на 1 септември е закажано првото рочиште од судењето на Божиновски.
    „Во понеделник, 22 август, Управниот одбор на ЗНМ усвои одлука, на први септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се оддржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски“, објави Селмани на неговиот профил на Фејсбук.
    Пред два дена, во писмо упатено до претседателот и до јавниот обвинител, Меѓународната федерација на новинари повика на итно и безусловно ослободување на Зоран Божиновски.
    Новинарот Зоран Божиновски останува во надлежност на Јавното обвинителството на Марко Зврлески, иако тој е дел предметот Шпион, кој со одлука на Апелациониот суд е даден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева. На рочиштето на 1 септември најверојатно ќе се појават обвинители од двете обвинителства.
    Зоран Божиновски беше уапсен на 21 април по неговата екстрадиција од Србија и оттогаш е во притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира