ЗОРАН АНГЕЛОВСКИ ЌЕ БИДЕ ДИРЕКТОР НА НОВАТА АГЕНЦИЈА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ (ОТА), ПОТВРДИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    ЗОРАН АНГЕЛОВСКИ ЌЕ БИДЕ ДИРЕКТОР НА НОВАТА АГЕНЦИЈА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ (ОТА), ПОТВРДИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИМинистерот Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски денеска во Велес (Фото:СДК.МК)

    Зоран Ангеловски треба да биде новиот директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во  Велес. ОТА ќе биде посредник во прислушувањето меѓу операторите и корисниците и треба да почне со работа од ноември. Во ОТА треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

    „Да, треба Зоран Ангеловски да биде директорот на ОТА. Имаме постигнато согласност и денес има седница на Комисијата за  избор и именување во Парламентот. Ако седницата се одржи, не гледам причина да не биде именуван директорот на ОТА, со што би се направил голем и најзначаен чекор во реформата на следењето на комуникациите“, рече Спасовски.

    На огласот за избор на директор на ОТА се јавиле 14 кандидати. Директорот го бира Парламентот со двотретинско мнозинство и со Бадентерово мнозинство, и има мандат од пет години.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира