ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕВСКИОТ ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР 3 ГОДИНИ ЗА РЕКЕТ ВРЗ ОРЦЕ КАМЧЕВ, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИОНИОТ СУД

    ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕВСКИОТ ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР 3 ГОДИНИ ЗА РЕКЕТ ВРЗ ОРЦЕ КАМЧЕВ, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИОНИОТ СУДЗоран Милески на почетокот на судењето за „Рекет“ го призна делото, за разлика од другите двајца обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. (Фото:СДК.МК)

    Тригодишната затворска казна за Зоран Милевски – Кичевскиот Апелациониот суд Скопје ја потврди. Го враќа на повторно одлучување само делот во пресудата за одземени предмети.

    Според пресудата, третообвинетиот во „Рекет” Милески ги договарал средбите на Боки 13 и Орце Камчев во неговиот дом, Боки 13 го уверил сведокот Камчев дека Јанева ќе ги исполни, односно ги исполнила сите негови барања за олеснување на неговиот статус како осомничен и притворен во истрагата на СЈО „Империја“. Таа незнаејќи дека сведокот Камчев ги снима што зборуваат, како рекетираат и како Јовановски зема торба со пари од него, по телефон го уверува: „Сè ќе биде океј!“
    Милески на почетокот на судењето за „Рекет“  го призна делото, за разлика од другите двајца обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, кои рекоа дека не се виновни и за нив судењето продолжи. Боки беше осуден на 9, Катица на 7 години затвор и уште се во притвор. Апелациониот суд Скопје ќе решава по новните жалби.

    Меѓу олеснителните околности што првостепено ги зема предвид судот, беа дека досега Милески не е осудуван, ниту пак се водат други постапки против него, како и дека покажал добро држење пред судот и придонел за ефикасно водење на постапката што се водеше против него со тоа што признал вина. За делото „Примање награда за противзаконско влијание“, предвидена е затворска казна од 1 до 10 години.

    Милевски набргу по пресудата, беше пуштен од притвор. Сега таа му е правосилна и ќе чека покана за издржување на затворската казна, која ќе биде нецели 3 години, бидејќи во затворската казна се пресметува дело „отслужен” во притвор.

    Тројката: Јовановски-Јанева-Милевски се единствените тројца кои во време на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на новата гарнитура од СДСМ одговарале за организиран криминал и корупција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира