СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ СЕ СЛАВИ ПРЕД СДСМ ВО БИТОЛА

    СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ СЕ СЛАВИ ПРЕД СДСМ ВО БИТОЛАСпоред неофицијални податоци, кандидатот за градоначалник од СДСМ Наташа Петровска води со два спрема еден во однос на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски.

    Пред штабот на СДСМ во Битола започна да се слави. Собрани се неколку стотици граѓани и со зурли и тапани прославуваат и играат ора.

    Гого Видимче од СДСМ на вечерашниот прес изјави дека според нивните неофицијални податоци, кандидатот за градоначалник од СДСМ Наташа Петровска води со два спрема еден во однос на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски.

    Пред штабот на ВМРО ДПМНЕ скоро и да нема граѓани. На новинарите кои чекале изјава им е кажано дека нема да има прес и официјалните податоци да ги преземат од партиската централа во Скопје.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира