ЗВРЛЕВСКИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ СМЕНИ ОТИ ТАКА БИЛО ПОРАНО, ОЦЕНИ АНТИКОРУПЦИСКА ЧИЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ Е ДОНАТОР НА ВМРО-ДПМНЕ

    ЗВРЛЕВСКИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ СМЕНИ ОТИ ТАКА БИЛО ПОРАНО, ОЦЕНИ АНТИКОРУПЦИСКА ЧИЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ Е ДОНАТОР НА ВМРО-ДПМНЕПретседателот на Антикорупциска Јован Тантуровски и останатите членови на комисијата на седница во декември минатата година. (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија вчера попладне испратила допис до претседателот на Собранието Талат Џафери и до групата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои бараа да одлучи дали е законско разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски, во кој ги известила дека едногласно одлучила дека разешувањето во предизборен период е во спротивност со законот.

    За САКАМДАКАЖАМ.МК Антикорупциската комисија вели:
    „Членовите на Комисијата оваа одлука ја донесоа едногласно, врз база на претходни одлуки на барање на органи, граѓани и институции, кои се oбраќале и барале мислење за разрешувања на функционери во предизборен период. Официјално нема да ги објавиме одлуката и образложението, додека не добиеме повратен одговор дека Собранието ги добило“.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери пак, веќе се изјасни дека мислењето на Комисијата нема влијание врз работата на Собранието, дека не може органот што го избрал Собранието да му кажува сега на Собранието како да работи, дека ако некои пратеници имаат дилема, според собранискиот деловник може да побара автентично толкување на Изборниот законик и оти Антикорупциската комисија е сервис на извршната власт, а не на законодавната.

    Претседател на комисијата е Игор Тантуровски. Тој беше избран за член на Комисијата на 14 април 2015 година. Тантуровски беше откриен дека бил донатор на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.
    Потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за партијата на Никола Груевски.
    „Тоа е јавно достапен податок и немам што да порекнува. Не знам каде ја гледате поврзаноста со партија, јас не гледам таква поврзаност, можам да се најдам како донатор за било што“, рече тогаш Тантуровски.
    Истовремено со него беше избран и Горан Миленков, експретседател на Антикорупциска, актуелен нејзин член.

    Тој лани не дозволи да биде виден и снимен анкетниот лист на тогаш веќе експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
    „Не знам зошто толку се интеесирате за анкетниот лист на Груевски кога тој веќе не е функционер. Нема голема разлика во имотот од стапувањето до завршувањето на неговаа функција. Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затворите за век и векови, амин!“, им рече Миленков на новинарите и не им даде да извршат увид во анкетниот лист на Груевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира