51 ЛИЦЕ ЗАГИНА, НАД 100 ПОВРЕДЕНИ ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ, ПОЖАРОТ ИЗБИЛ ОД ПИРОТЕХНИКА ОД ЧИИ ИСКРИ ГО ЗАПАЛИЛЕ ТАВАНОТ, КАЖА ТОШКОВСКИ

    51 ЛИЦЕ ЗАГИНА, НАД 100 ПОВРЕДЕНИ ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ, ПОЖАРОТ ИЗБИЛ ОД ПИРОТЕХНИКА ОД ЧИИ ИСКРИ ГО ЗАПАЛИЛЕ ТАВАНОТ, КАЖА ТОШКОВСКИТаванот бил од лесно запалив матријал и пожарот брзо се проширил.(Фото: СДК.МК)

    Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според првичните информации, како што кажа Тошковски, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.

    „Според првичните информации, како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосен ефекти. Искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесна запалива материја по што пожарот  брзо се проширил. Според досегашните податоци 51 лице загина, а повеќе од 100 повредени. Починати лица има во повеќе болници во Македонија. Ќе се врши обдукција на секое загинато лице, за да се идентификуваат“, рече Тошковски на прес-конференцијата во Кочани.

    На прашањето дали дискотеката има дозвола и кој дозволил да има дискотека во куќа која е со решетки на прозорите и е веднаш до други куќи, Тошковски рече дека веќе има приведено лица во врска со пожарот и ќе се утврди одговорност. Не кажа колкумина се приведени, но дека вети дека одговорност ќе има со име и презиме.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира