ДИРЕКТОРКАТА НА КОЖНАТА КЛИНИКА ИМА КОРОНАВИРУС, МОЖНО ЗАТВОРАЊЕ НА ЦЕЛИОТ ОДДЕЛ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ДИРЕКТОРКАТА НА КОЖНАТА КЛИНИКА ИМА КОРОНАВИРУС, МОЖНО ЗАТВОРАЊЕ НА ЦЕЛИОТ ОДДЕЛ, КАЖА ФИЛИПЧЕ„Ова е големо разочарување“, рече министерот за здравсто Венко Филипче. (Фото:К. Попов )

    Директорката на Кожната клиника во Скопје е позитивна на коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.

    „Со огромно жалење за непочитување на мерките за превентива за заштита од коронавирус, морам да кажам дека пациентката е наша колешка, која по враќањето од Италија изминатите пет дена одела на работа. Добро е што немала контакт со пациенти во амбулантата. Ова е големо разочарување“, рече Филипче.

    Во моментов целата екипа од Институтот за јавно здравје и епидемиолозите се на Клиниката за кожни болести, и како што рече Филипче, можно е целосно одделот да биде затворен и цеколупниот персонал и пациенти да бидат испратени на домашна самоизоалција.

    Нејзината состојба е стабилна, кажа Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира