ГАЗДАТА НА ДИСКОТО „ПУЛС” ЈОВАНОВ ПОБАРАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО ШУПА, ПЛЕВНА И ДРУГИ ДИВОГРАДБИ КАКО ГАРАНЦИЈА ОД 200.000 ЕВРА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОДБИ

    ГАЗДАТА НА ДИСКОТО „ПУЛС” ЈОВАНОВ ПОБАРАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО ШУПА, ПЛЕВНА И ДРУГИ ДИВОГРАДБИ КАКО ГАРАНЦИЈА ОД 200.000 ЕВРА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОДБИЈованов ја дал гаранцијата иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен. (Фото: СДК.МК)

    Првообвинетиот за катастрофалниот пожар во нелегалната дискотека „Пулс” Дејан Јованов, побарал да излезе од куќен притвор со предлог да стави во залог помошни простории, шупа, плевна, како и нелегални објекти, но и такви кои се предмет на извршување во моментов. Обвинителите кои го застапуваат основното обвинение со 34 обвинети на чело со Јованов, не се согласуваат со тој предлог. Јованов треба да излезе од притвор на 3 октомври.

    Денеска судија на претходна постапка треба да одлучи за притвор на Јованов по друг предмет, истрага за давање поткуп од Јованов на обвинетиот Џевад Камбери од Министерството за економија, за да добива лиценци за неисправниот објект-дискотека што резултираа пожар на 16 март 2025 во кој загинаа 63 млади и деца, а над 200 се повредени.

    „Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се одбие предлогот за определување на гаранција, поднесен од обвинетиот Дејан Јованов од Кочани како неоснован. Со предлогот се бараше од судот спрема обвинетиот да биде определена мерка гаранција во вкупен износ од 195.820 евра во денарска противвредност од 12.042.932 денари, а која гаранција се состои во ставање хипотека на недвижен имот. Меѓутоа, според обвинителството, при одлучувањето, Судот особено треба да го цени фактот дека изјавата со која се дава согласност понудениот имот да биде даден како гаранција обвинетиот Дејан Јованов ја дал иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен. Освен тоа, понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти и тој имот, при евентуална потреба, исклучително тешко ќе може да биде впаричен, а секако не во висина на износот на кој е проценет”, вели Обвинителството.

    Новата истрага за поткуп ја поведе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира