КАМЧЕВ НУДИ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА МУ БИДЕ ВРАТЕН ПАСОШОТ

    КАМЧЕВ НУДИ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА МУ БИДЕ ВРАТЕН ПАСОШОТАпелациониот суд ќе одлучува по барањето на Камчев в четврток. - Од сведочењето на Орце Камчев на судењето за „Рекет“ на 6 декември (Фото: К. Попов)

    Бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“ од страна на обвинителката Лиле Стефанова, пред Апелациониот суд Скопје понудил 2,2 милиони евра како гаранција за да му биде вратен регуларниот македонски пасош од Основниот кривичен суд, кај што му е депониран и бугарскиот пасош, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Досега воопшто не се случувало или многу ретко се случувало да се дава гаранција за патна исправа бидејќи имало случаи тоа да се нуди само за укинување на мерка притвор. Всушност, со оваа гаранција што ја дава ако можност Законот за кривична постапка, Камчев бара да му се укине мерката одземање патна исправа и гарантира дека нема да избега со понудените 2,2 милиони евра.

    В четврток во 14.30 часот, Апелациониот суд има закажано седница на која ќе одлучува по жалбата за невратениот пасош на Камчев од страна на Кривичниот суд, а ќе одлучува и по жалба на Ненад Јосифовиќ, кој, исто така, има мерки на претпазливост во истрагата „Империја“, а претходно друг жалбен совет ќе одлучува за притворот на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13.

    Откако му беа одземени двете патни исправи на Камчев, тој лани во мај успеа да добие времена нова патна исправа од Катица Јанева додека таа сè уште беше специјална обвинителка во сомнителни околности за што е и обвинета по пријава на Камчев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира