КРЕМЉ ПОДРЖАВА УВОЃЕЊЕ ВАНРЕДНОГ У МАКЕДОНИЈИ, СЕ ЧИТААТ ПОРАКИ ОД ВИБЕР ГРУПАТА НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    КРЕМЉ ПОДРЖАВА УВОЃЕЊЕ ВАНРЕДНОГ У МАКЕДОНИЈИ, СЕ ЧИТААТ ПОРАКИ ОД ВИБЕР ГРУПАТА НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љубен Арнаудов (десно) и неговиот колега Јохан Тарчуловски на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 каде се меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста. (Фото: К. Попов)

    Со читање пораки од мобилниот телефон на обвинетиот пратеник Љубен Арнаудов, како дополнителни докази на Обвинителството за организиран криминал, продолжи денешниот судски процес воден од судијката Добрила Кацарска за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Се читаа пораки и од телефони на други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група.

    Вибер група пратеници на 11.04.2017 година. Влатко Ѓорчев праќа:

    „Тука се сите пратеници на Беса и на Села“.

    Димитар Стевананџија пишува: „Села, да“.

    Анонимно лице: „И од ДПА се тука, цел Парламент е тука“.

    Влатко Ѓорчев: „Тука се сите пратеници на СДСМ. Фали некој?“

    На истиот датум анонимно лице пишува: „Да, тука се“.

    Друго анонимно немеморирано лице пишува: „Оливер брои“.

    Сашо Василевски: „Нешто спремаат, да бидеме на готовс“.

    „Сметам дека утре МОРА да се случи многу народ од 10 часот до крај на седница, комуњариве спремаат насилно преземање на Парламентот. Во четврток ќе полудат, така прават нови грешки, неработен ден, ќе полудат“.

    На 17 април Василевски:

    „Добро утро на сите, за колегите можеби ќе е подобро денеска да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет“.

    Стевананџија: „Саше добро е да имаш подолга и да ја фрлаш како ласо, навежбај се подобро“.

    Василевски пишува: „Комуњариве ќе направат обид за преземање денеска, затоа народ пред Собрание!“.

    На 17 април, Антонијо Милошоски: „Според некоја одлука СДСМ сака да избере претседател денес во некоја друга сала, со цел да има свршен чин ред посетата на Хојт Ји, кој би се сретнал и би го признал претседателот на Собранието на празен ден кога нема народ“.

    Љупчо пратеник СПМ, на 27 април истиот ден пишува: „Би било добро полека да се исклучува осветлувањето“.

    По 19 часот непознато лице праќа порака:

    „Сега во моментов гласаат влада на Заев“.

    Друго лице пишува: „Луѓе, да одиме горе“.

    Илија Димовски: „Седете во сала“.

    „Иле, јас сум кај обезбедувањето. Одев кај лекарот по апчиња, ме прибраа тука. Хаос е“.

    „Се пука горе“, пишува непознато лице во истата вибер група во 20.48 часот:

    „Леле, не излегувајте“.

    Дафина пратеничката додава: „Не, не сме сите во сала луѓе“.

    Друго лице пратеник: „Кај сте колеги, треба ли да излезиме од сала?“.

    Дафина: „И комуњарите иделе за Скопје. Сите“.

    Непознато лице: „Ова излезе од контрола, треба некој да презеде нешто и да ги контролира луѓево“.

    Сашо Василевски во 20.30:

    „А Иванов?“

    Немеморирано лице: „Имаме некакви насоки“.

    Зоран Илиоски Битола: „Сега засега нема. Чекаме“.

    Анонимно лице во истата група препраќа порака на српски јазик од портал Железник:

    „Кремљ подражава увоѓење ванредног у Македонији!“.

    На 29 04.2017 година во 21.42 часот Тарчуловски препраќа во групата наслов:

    „Фото 3 групи паравојски на ДПМНЕ биле во Собрание, планот за ликвидација не им успеа (Рипортер)“.

    Се читаа и други пораки од телефоните на Арнаудов и Тарчуловски.

    Порака од Љубен до Крсте секретар на Петка, на 27.04.2017 година во 18.50 часот:

    „Организирајте колку можете повеќе луѓе и тргнувајте накај Скопје!“.

    Пораки од обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски до „Љубанци“ во вибер група:

    Лице Патале, на 19.04 2017 година пишува:

    „Брат, од Љубанци, секој ден има над 50 илјади луѓе, кога имаше потреба, имаше и 98 илјади“.

    „Утре пред влада се гледаме задолжително“.

    Лице Мурџо му пишува на Јохан на 20.04.2017 година:

    „Доста пуштате, излезете на протест, Патале само дваесет луѓе има од Љубанци и се едни исти“.

    На 26.04.2017 година Патале пишува:

    „Важна вест за утре За Македонија!!! Утре треба да дојде сè што дише на македонски начин. Да не се случи некој да не дојде, а да побара после нешто од нас. Од сабајле до 11 часот да се свртат сите членови на месен комитет, задолжително, без исклучок!!! Сите љубанчани!!!“.

    На 27.04.2017 лицето Патале:

    „За Македонија се работи!!! Сите во 17 часот на исто место, да ја покажеме силата на Љубанци денес. Се јавија над 100 кои ќе присуствуваат денес“.

    Во 16 часот истото лице: „Сите ќе застанеме на браникот, За Македонија“.

    Анонимно лице истиот ден пишува:

    „А бе ова требаше порано да биде, ама успеавме“.

    Во 18.50 часот лице Село пишува:

    „Малку му е, маме му е зајачарско“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира