ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА НОВА ГОДИНА ПОТРОШИ 65.000, А ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА 47.000 ЕВРА, ГРАД СКОПЈЕ НЕ КАЖУВА КОЛКУ ЧИНЕА ПРОСЛАВИТЕ И УКРАСУВАЊЕТО

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА НОВА ГОДИНА ПОТРОШИ 65.000, А ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА 47.000 ЕВРА, ГРАД СКОПЈЕ НЕ КАЖУВА КОЛКУ ЧИНЕА ПРОСЛАВИТЕ И УКРАСУВАЊЕТОГрупата „Нокаут“ настапи на предновогодишната забава на Боемската улица што ја организираше Општина Центар. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар за новогодишното украсување и предновогодишната забава на Боемската улица потроши 65.000 евра, а Општина Кисела Вода за дочекот потроши 47.000 евра. Градоначалничката Данела Арсовска не кажува колку пари чинеше украсувањето на Скопје и прославата на Плоштад Македонија.

    Од Општина Центар велат дека за украсувањето на улиците и парковите се потрошени 3.700.000 денари (60.000 евра). За предновогодишната детска забава и вечерната програма, во која беше  вклучен и настапот на бендот „Нокаут“ и ди-џеј Александар Јорданов, издвоени се дополнителни 300.000 денари (околу 5.000 евра).

    Од Град Скопје не добивме одговор на нашите прашања колку чинеше украсувањето, која беше фирмата која украсуваше, ниту колку пари им беа исплатени на изведувачите кои настапија на новогодишната ноќ. На Плоштадот Македонија за дочекот на Нова година настапија „Нокаут“, „Ареа“, „Љубојна“ и Сара Мејс.

    Дочек на Нова година организираше и Општина Кисела Вода. На прославата настапија „Куку Леле“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, ДНК, Врчак и Лозано. Од Општината велат дека за прославата се потрошени 2,9 милиони денари (околу 47.000 евра)

    А. АНТЕВСКА

    МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА: 

    СЛЕДЕТЕ ГО И НАШИОТ ОФИЦИЈАЛЕН ЈУТЈУБ КАНАЛ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира