ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИ СОВЕТ ПАВЛИНА ЦРВЕНКОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА ФУНКЦИЈАТА

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИ СОВЕТ ПАВЛИНА ЦРВЕНКОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА ФУНКЦИЈАТАПретседателскиот мандат во Судскиот совет на Црвенковска и завршуваше за 4 месеци. Таа останува член на Судскиот совет. (Фото: СДК.МК)

    Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска влезе на денешното продолжение на седницата за избор на членови на управниот одбор и комисии во Академијата за судии и јавни обвинители и само кажа: „Сакам да ве известам дека си поднесувам оставка на функцијата претседател”.

    Останува член на Судскиот совет.

    Претседателскиот мандат и завршуваше за 4 месеци.

    Таа не кажа зошто ја поднесува оставката и си излезе од салата. Рече дека за причините, јавноста ќе биде известена со соопштение. На излегување, прогласи пауза. По паузата, новинарите беа известени дека седница денеска нема да има.

    Минатата недела седуммина членови на Судскиот совет избрани на непосредни избори од колегите судии, се побунија откако Црвенковска дошла со список од 15 судии, кандидати за клучни места во Академијата за судии, кои ќе решаваат за судбината на студентите кои се пријавуваат таму.

    Потоа, како што потврди Коалицијата „Сите за правично судење”, таа откако ги прочитала кандидатите од списокот, не дала право и останатите членови на Советот да предложат судии за местата во Академијата.

    Надвикана и надгласана потоа таа попуштила, а седумтемина предложиле и изгласале и нивни кандидати, со образложение дека повеќето од нејзините не ги исполнуваат условите, поради судир на интереси.

    Сепак, двајца од кандидатите што таа ги предложила, Александар Чичаковски и Елизабета Васкова, Судскиот совет ги прифатил за местата во Академијата за кои таа ги навела, како неспорни кандидати.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира