ПРОШИРЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ЛИЦАТА НАД 67 ГОДИНИ ЌЕ МОЖАТ НАДВОР ОД 5 ДО 11, А МЛАДИТЕ ОД 12 ДО 21 ЧАСОТ

    ПРОШИРЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ЛИЦАТА НАД 67 ГОДИНИ ЌЕ МОЖАТ НАДВОР ОД 5 ДО 11, А МЛАДИТЕ ОД 12 ДО 21 ЧАСОТВладата донесе одлука полицискиот час наместо до 6 да трае до 5 часот наутро, за да се намалат гужвите во јавниот превоз. (Фото: К.Попов)

    Владата на вечерашната седница донесе уште една забрана за движење која се однесува на пензионерите и на младите до 18 години.

    Од утре лицата од 67 години ќе смеат да се движат само од 5 часот наутро до 11 часот, додека младите лица до 18 години, од 12 до 21 часот, кога всушност почнува и полицискиот час. Донесена е и одлука полицискиот час наместо до 6 да трае до 5 часот наутро.

    „Оваа одлука ја донесовме по предлог на Комисијата за заразни болести. Најосетливи во здравствена смисла се постарите од 67 години, а младите се најголемите преносители на вирусот. Тоа го покажуваат искуства од другите земји, но и кај нас. Со оваа мерка во ист момент не можат да бидат групирани едната и другата категорија граѓани. Според епидемиолозите младите имаат многу лесни симптоми, дури не препознаваат дека се носители на вирусот, а многу лесно можат да го пренесат на возрасните лица“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

    Спасовски кажа дека полицискиот час се намалува до 5 часот поради гужвите кои денеска настанаа во јавниот превоз во Скопје. Тој кажа дека во наредните денови ќе биде разгледена и мерката за целосно укинување на јавниот превоз.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира