СО НОВО МНОЗИНСТВО СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ ВЕЧЕРВА ПИШУВА БАРАЊЕ ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

    СО НОВО МНОЗИНСТВО СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ ВЕЧЕРВА ПИШУВА БАРАЊЕ ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТАНовото мнозинство очекува Заев утре да поднесе оставка до Собранието, ако не, тие ќе бараат доверба на владата (Фото: Фејсбук)

    ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва пишува Барање за доверба на Владарта откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави на Фејсбук страната дека има ново парламентарно мнозинство, изјавија пратеници од партијата за САКАМДАКАЖАМ.МК. Партијата БЕСА со тројцата свои пратеници преминува кај опозицијата.

    Сега ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во обратна ситуација и ќе има тесно мнозинство од 61 пратеник. Но, извори на САКАМДАКАЖАМ.МК од раководството на партијата велат дека ситуацијата нема да биде баш идентична како со мнозинството на СДСМ, зашто покрај овие тројца, ќе преминат и други пратеници од помалите партии од коалицијата предводена од СДСМ.

    Мнозинството од 61 пратеник, за кое се пофали вечерва Мицкоски, покрај ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Алијанса за Албанците, го сочинуваат и Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица.

    Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Заев уште утре ќе си поднесе оставка од премиерската функција, зашто тој знае дека уште вечерва се пишува барање за доверба на Владата, кое ВМРО-ДПМНЕ и новото мнозинство уште утре ќе го поднесат до Собранието.

    Заев најверојатно нема да дозволи да го разрешуваме ние и ќе поднесе одтавка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ако навистина в сабота биде поднесено барање за доверба на владата, спикерот Талат Џафери има рок од три дена да закаже седница на која би се гласала доверба.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира