УАПСЕН ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ЈАХИ ЈАХИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ ПРОВИЗИЈА ОД ТЕНДЕР

    УАПСЕН ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ЈАХИ ЈАХИЈА ЗА ЗЕМАЊЕ ПРОВИЗИЈА ОД ТЕНДЕРСпоред неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година. - Полиција утринава пред седиштето на министерството во зградата на поранешнатата НИП Нова Македонија во Скопје (Фото: СДК.МК)

    По налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови.

    Функционерот е кадар на ДУИ. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.

    Според очевидци од соседството на Јахија, тој бил уапсен рано утринава и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи претрес првин таму.

    Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.

    Неофицијално, за овој висок функционер обвинителството ќе бара притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира