УКИНУВАЊЕ НА КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО МОЛОВИТЕ, НО НЕ И ЗА ТАМУ КАДЕ СЕ СЛУЖИ ХРАНА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    УКИНУВАЊЕ НА КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО МОЛОВИТЕ, НО НЕ И ЗА ТАМУ КАДЕ СЕ СЛУЖИ ХРАНА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИКовид-сертификатите за влез рестораните остануваат и понатаму. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за заразни болести препорачува да се укинат ковид сертификатите за влез и престој во моловите, освен на местата во нив каде што се служи храна. Тоа значи дека сертификатите за рестораните остануваат и понатаму. Нивното укинување за посета на молови, како што рече претседателот на комисијата д-р Александар Петличковски, е еден чекор за олеснување на реструктиивните мерки, а за други олеснувања внимателно ќе ја следат ситуацијата зашто не сакаат со нагло отфрлање на сите заштитни мерки да постигнат неочекувани резултати. Одлката за укинување на сертификатите за влез во мол треба да ја донесе Владата.

    „И оваа мерки за моловите не е целосно укината. Се̍ уште остануваат контролни механизми кои ќе го контролираат пренесувањето на вирусот во затворени простории, во делот каде што ќе биде служена храна, ќе мора да покажете сертификат, па да ја симнете маската. Постепено ќе се релаксираат мерките и не би требало да дадат било каква импликација во зголемување на бројот на новозаразени“, рече портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ.

    За поголемо релаксирање на мерките, од Комисијата беше истакнато дека неопходно е да се зголеми опфатот на вакцинирано население, кој сега изнесува само 41 процент. Во таа насока, од денес започнуваат со кампања во која сите оние кои спаѓаат во ризичните групи ќе добијат СМС порака со термин и локација за вакцинација. Тоа се оние групи на граѓани над 65 години кои имаат коморбидитети и оние помлади од 65 години, кои имаат поголем број коморбидитети. Вакцинацијата ќе се спроведува во Здравствените домови, а матичните лекари ќе треба да ги потсетуваат нивните пациенти да се вакцинираат.

    „По пресметките од Мој термин, 260.000 граѓани спаѓаат во таа високоризична група, од нив 130.000,  односно половината не се целосно вакцинирани, а останатиот дел немаат примено бустер доза. Вакцинацијата треба да биде основа за понатамошно релаксирање на мерките“, рече Мехмедовиќ.

    За тоа што заклучокот за продолжување на рокот на сертификатот за прележан ковид-19 не е усвоен на Влада, од Комисијата рекоа дека не се работи за блокада, туку сигурно за администраивна пречка.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира