СКОПЈЕ Е ЗАЧАДЕНО ОД ПОЖАРОТ НА ПЛАНИНАТА ЖЕДЕН, РЕЧЕ АНГЕЛОВ

    СКОПЈЕ Е ЗАЧАДЕНО ОД ПОЖАРОТ НА ПЛАНИНАТА ЖЕДЕН, РЕЧЕ АНГЕЛОВPожарот е на тешко пристапен терен и на негово гасење работат тетовските и скопските пожарникари.(Фото:К.Попов)

    Зачаденоста на Скопје е од пожарот на планината Жеден, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој кажа дека пожарот е на тешко пристапен терен и на негово гасење работат тетовските и скопските пожарникари.

    „Очекувам попладнево пожарот да биде ставен под контрола“,рече Ангелов.

    Од Центарот за управување со кризи претходно соопштија дека главниот град е зачаден бидејќи ветерот го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково.

    „На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден и од Општина Capaj во село Бојане, каде зафатена е шума“, велат од ЦУК.

    Мирисот на чадот се чувствува и во Велес и Велешко, каде нема пожари. Од Територијалната противпожарна единица Велес (ТППЕ) велат дека нема простор за паника поради зголемената задименост забележана во градот.

    „Димот кој се чувствува и забележува во Велес доаѓа од пожарот во реонот на Зелениково, а не од пожар во самиот град Велес. Нашите екипи ја следат состојбата и се преземаат потребните мерки за справување со пожарот“, велат од противпожарната единица.

    Мирисот на чад и задименоста ја донесе северниот ветер, кој во текот на вчерашниот ден дуваше во градот. Слична ситуација во Велес имаше и во септември 2024 година, поради големиот пожар на планината Мукос во регионот на Азот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира