ПЕПЕЛТА ОД РЕК Е НА ГРАНИЦА ДА СТАНЕ ДЕПОНИЈА НА РАДИОАКТИВЕН ОТПАД

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕПЕЛТА ОД РЕК Е НА ГРАНИЦА ДА СТАНЕ ДЕПОНИЈА НА РАДИОАКТИВЕН ОТПАД

    Депонијата со пепел во РЕК „Битола“ е на границата да стане депонија на радиоактивен отпад. Пепелта која настанува со согорување на лигнитот и се депонира на отворено има зголемана радиоактивност. Имено, радиоизотопите кои ги содржи пепелта се со три до пет пати поголема радиоактивност отколку во околната почва. Овие загрижувачки податоци денес во Битола ги презентираше професорот Трајче Стафилов од Природно-математичкиот факултет, кој беше вклучен во истражувањето на „ТЕРА МЕД“ за загадувањето со тешки метали и радиоактивност предизвикана од РЕК „Битола“.

    На трибината се побара да се покрива пепелта на депонијата во РЕК за да се спречи дисперзијата на честичките во воздухот. За жал, не присуствуваа претставници од ЕЛЕМ и Општина Битола.

    Според правилниците, ако вкупната радиоактивност од сите изотопи поминува над 500 бекерели по килограм зрачење се смета за радиоактивен отпад, а зрачењето од пепелта е приближно.

    Од презентацијата на студијата за загадувањето од РЕК во Битола (Фото: СДК.МК)

    Од презентацијата на студијата за загадувањето од РЕК во Битола (Фото: СДК.МК)

    „Извршивме анализи во Институтот за јавно здравје во Скопје на поголем број радиоизотопи, како што се ураниум 238, радиум 222, ториум во пепелта и во почвите од околината на РЕК. Од 3 до 5 пати е поголема радиоактивноста на овие радиоизотопи. Според правилникот за радиоактивен отпад во Македонија , индексот на радијација е блиску до оној кој е максимално дозволен. Прашање е дали ќе ја дефинираме оваа депонија како депонија на радиоактивен отпад или не. И други експерти треба да бидат вклучени“, рече проф. Стафилов.

    ЦВРСТИТЕ ЧЕСТИЧКИ СО ТЕШКИ МЕТАЛИ ВЛЕГУВААТ ВО БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И ЖЕЛУДНИКОТ

    САКАМ ДА КАЖАМ.МК резултатите од истражувањето ги објави уште пред два месеца, а денес беа официјално презентирани на трибина во Битола. Беше кажано дека дневно од РЕК се депонираат 150 тони пепел  на отворена депонија, а ветрот потоа ги разнесува честичките наоколу, па стигнуваат до населениете места и до земјоделските површини.

    „Во околината на РЕК и во еден поголем простор до градот Битола имаме изложеност на цврсти честички кои имаат зголемена концентрација на одредени тешки метали како што се арсен, кадмиум, бакар, хром, никел, цинк. Тие честички се мали и навлегуваат во дишните органи и желудникот“, рече професорот Трајче Стафилов од Природно-математичкиот факултет, вклучен во истражувањето (Фото: СДК.МК)

    „Во околината на РЕК и во еден поголем простор до градот Битола имаме изложеност на цврсти честички кои имаат зголемена концентрација на одредени тешки метали како што се арсен, кадмиум, бакар, хром, никел, цинк. Тие честички се мали и навлегуваат во дишните органи и желудникот“, рече професорот Трајче Стафилов од Природно-математичкиот факултет, вклучен во истражувањето (Фото: СДК.МК)

    „Во околината на РЕК и во еден поголем простор до градот Битола имаме изложеност на цврсти честички кои имаат зголемена концентрација  на одредени тешки метали како што се арсен, кадмиум, бакар, хром, никел, цинк. Тие честички се мали и навлегуваат во дишните органи и желудникот“, рече проф. Стафилов.

    Во истражувањето без испитани примероци од пепел, почва и мов. Невена Смилевска од „Еко свест“ рече дека кај мовта, растение кое се храни со воздух, биле констатирани зголемени вредности на арсен, кобалт, цинк, бакар, железо и жива која е невротоксин.

    „Ова изложеност на тешки метали и радиоактивност  прездизвикува заболувања како оштетување на нервниот ситем, анемија, кардиоваскуларни проблеми, чир на желудник , рак на бели дробови, болести на бубрези“, рече Смилевска.

    РЕК ПО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВТОРО МЕСТО ВО ЕВРОПА

    Во споредба со земјите од регионот,  Македонија има најзагаден воздух, а РЕК е втора теремоцентрала во Европа по загадување, рече Златка Матковиќ од Алијанса за животна средина.

    „Термоелектраната во Битола по емисија во споредба со сите други над 300 термоелектрани во Европа, е на второ место по загаденост. Повеќето термеоелектрани од Балканот се во топ десет најголеми емитувачи на штетни материи. Прва е термоелектраната од Косово“, рече Матковиќ.

    Од РЕК во сите дописи до медиумите тврдат дека загадувањето е во границите на нормалата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира