ПО 80 ПРИЈАВИ МЕСЕЧНО ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО СТРУМИЦА, А НЕМА ШЕЛТЕР ЦЕНТАР

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО 80 ПРИЈАВИ МЕСЕЧНО ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО СТРУМИЦА, А НЕМА ШЕЛТЕР ЦЕНТАР

    Расте бројот на жртвите од семејно насилство во струмичко, а најблискиот шелтер центар за згрижување е во Свети Николе и Скопје. Лани во Центарот за социјални работи во Струмица се регистрирани 113 жртви за кои е побарана и донесена одлука за судска заштита, иако далеку е поголема бројката со пријави од МВР за семејно насилство. Директорот на Центарот за социјални работи во Струмица Кире Поп Трајков вели дека месечно до оваа институција преку МВР стасувале и по 80-тина пријави за насилство, на кои интервенирале членовите на мултисекторскиот тим за заштита и превенција од семејно насилство, иако поголемиот дел претежно биле вербални расправии.

    Директорот на Центарот за социјални работи во Струмица Кире Поп Трајков вели дека месечно до оваа институција преку МВР стасувале и по 80-тина пријави за насилство, од кои поголемиот дел претежно биле вербални расправии (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Центарот за социјални работи во Струмица Кире Поп Трајков вели дека месечно до оваа институција преку МВР стасувале и по 80-тина пријави за насилство, од кои поголемиот дел претежно биле вербални расправии (Фото: СДК.МК)

    „Со оглед дека семејното насилство е широка област, до нас месечно стигнуваат и по 80 пријави што директно, што преку МВР. Има од малтертирање преку телефон, вербални напади па сѐ до ќотек. Во сите случаи, преку нашиот стручен тим во кој има преставници и од МВР, Здравство па и граѓански организации интервенираме, разговараме и ги смируваме тензиите мегу насилникот  и жртвата. Тоа е во случаи кога жртвата не сака згрижување и судска заштита. Но ако се констатира насилство каде има елементи на физичко малтертирање и закани, тогаш се интервенира и преку суд каде во рок од седум дена одлучуваат и носат сет мерки“, вели Поп Трајков.

    Такви минатата година во струмичко имало 113 случаи, еден повеќе од 2015. Судот обично изрекувал пресуди за остранување на насилникот од  домот, забрана за приближување до жртвата доколку живее на друга адреса, забрани за комуникација и било какво друго малтертирање , пресуда да ги подмири сите трошоци за лекување. Ако мултисекторскиот тим констатира дека жртвата не сака да биде во домот каде била малтертирана или нема каде да биде смесетена,  тогаш се префрлува во некој од шелтер центрите во земјава.

    Бети Пеева од Едукативно-хуманитарната организација (ЕХО ) од Штип тврди дека време е државата да размислува за изградба на дисперзирани засолништа или пак да помогне на локалните самоуправи да изградат вакви центри на локално или регионално ниво (Фото: СДК.МК)

    Бети Пеева од Едукативно-хуманитарната организација (ЕХО) од Штип вели дека време е државата да размислува за изградба на дисперзирани засолништа или пак да помогне на локалните самоуправи да изградат вакви центри на локално или регионално ниво (Фото: СДК.МК)

    „Со последните измени во оваа законска регулатива, врз основа на полициски записник дека жртвата нема каде да биде сместена во првите часови на заштита, судија во претходна постапка може да го острани насилникот од домот независно што  е во негова сопственост. Но доколку жртвата не сака да остане во домот, исто така нема каде да оди, тогаш преку Центарот ја носиме во некој од Шелтер центрите  каде престојуваат од 3 до 6 месеци,  а ние како тим постојано сме на линија со неа и работиме на нејзина ресоцијализација“, вели Поп Трајков и додава дека ако жртвата е невработена добива помош при вработување преку Агенцијата за економски да зајакне.

    Во 2012 во Струмица, на иницијатива на Организацијата на жени и здружението Хера од Скопје, се отвори шелтер центар за згрижување на жртвите од семејно насилство. Центарот функционираше во простории на МПЦ со финансиска поддршка од Општина Струмица како проектна активност. Но бидејќи немаше пари но и пдодршка од Министерството за труд и социјална политика,  овој шелтер центар веќе не функционира, иако таму засолниште и помош најдоа  десетици жени со малолетни деца.

    „Откако не можев да го издржам теророт кај сопругот во Радовиш, избегав и со децата дојдов во Струмица.  Првично бев згрижена во шелтер центарот кој штотуку беше отворен. Таму ми пружија 24-часовно сместување за мене и двете малолетни деца. Имав социјална и здравствена заштита. Ми помогнаа да застанам на свои нозе, економски да зајакнам. Имаше таму стручен тим кој постојано беше со мене, бидејќи по сите случувања мислев дека нема да успеам да издржам. Добро е да има вакви центри, бидејки секоја жртва нема каде да оди и бега од насилникот“, вели Дивна, згрижена во шелтер центарот во Струмица пред четири години.

    Во земјава  има  четири државни шелтер центри за згрижување на жртви на семејно насилство и тоа во Скопје, Битола, Кочани и Свети Николе. Тие, според  граганските организации, се во доста  лоша  кондиција или не функционираат.  Бети Пеева од Едукативно-хуманитарната организација (ЕХО) од Штип вели дека време е државата да размислува за изградба на дисперзирани засолништа или пак да помогне на локалните самоуправи да изградат вакви центри на локално или регионално ниво. Според неа, бројката од 4 шелтер центри во однос на 14 те што ги има Словенија се многу малку.

    „Во Струмица недостасува шелтер центар, односно засолниште за жртвите кој би бил регионален . Тоа би можело да се регулира и со меѓуопштинска соработка, бидејќи и останатите општини имаат потреба од вакво засолниште. Според Истанбулската  конвенција, на секој 10 илјади жители би требало да има засолниште. Ако се отвори во Струмица, тој центар би требало  да има капацитет за сместување на најмалку 17 жртви. Паралелно, тој би можел да ги задоволи потребите и на национално ниво. Во 2015 во четирите државни шелтер центри биле сместени 45 жртви. Но условите се прилично скромни и не ги задоволуваат нивните потреби“, вели Пеева, која смета дека Министерството за труд и социјална политика на ова поле потфрлува бидејќи не ги испорачува соодветни услуги во шелтер центрите  за заштита на жртвите.

    Во отсуство на официјална бројка за минатата година, во 2015 та во Македoнија биле регистрирани 1. 130 жртви на семејно насилство. Според статистиката, 82 проценти од жртвите се жени кои претрпеле  физичко, психичко и сексуално малтертирање. Најчесто жртвите се од урбаните средини, поради што се претпоставува дека бројката е двојно поголема бидејки жените од руралните средини сѐ уште се срамат да пријават било каков вид на семејно насилство.

    В.ТРАЈКОВ

    disklejmer-prikazni-23734

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира