ТИЕ ГОДИНИ ВО ВОЗДУХОТ ИМАШЕ ЧУВСТВО НА РАДОСТ, ЧУВСТВО ДЕКА СЀ Е МОЖНО, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

    ТИЕ ГОДИНИ ВО ВОЗДУХОТ ИМАШЕ ЧУВСТВО НА РАДОСТ, ЧУВСТВО ДЕКА СЀ Е МОЖНО, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ МИЛЧО МАНЧЕВСКИМилчо Манчевски на 12 септември, 1994 со својот прв филм „Пред дождот“ го освои Златниот лав на фестивалот во Венеција и се прочу името на младата држава Македонија (фото од архивата на Манчевски)

    25godСо сеќавањата на режисерот Милчо Манчевски, САКАМДАКАЖАМ.МК ја продолжува серијата прилози посветени на 25-годишнината од осамостојувањето на Македонија. Во текот на месецов ќе следат интервјуа со пратеници и функционери од првиот состав и други јавни личности, фотогалерии и видеа од историските настани за осамостојувањето на државата.

    Најуспешниот македонски уметник, филмскиот режисер Милчо Манчевски, во 1994 со својот прв филм „Пред дождот“ го освои Златниот лав на фестивалот во Венеција. Филмот од Македонија, која  во тоа време беше млада, непозната држава, потоа играше во над 50 земји и го прочу нејзиното име во светот.

    „Кога го примија филмот во Венеција, од фестивалот ми пишаа и бараа опис на тоа како изгледа македонското знаме, оти фестивалот немаше никакви информации. Кога го кренаа нашето знаме на Лидо, видов дека е за 3/4 помало од другите“, - факсимил од писмото со објаснување како изгледа македонското знаме што Манчевски му го пратил на фестивалот во Венеција, 1994 (извор: книгата „Дожд, светот за Пред дождот на Милчо Манчевски“)

    „Кога го примија филмот во Венеција, од фестивалот ми пишаа и бараа опис на тоа како изгледа македонското знаме, оти фестивалот немаше никакви информации. Кога го кренаа нашето знаме на Лидо, видов дека е за 3/4 помало од другите“, – факсимил од писмото со објаснување како изгледа македонското знаме што Манчевски му го пратил на фестивалот во Венеција, 1994 (извор: книгата „Дожд, светот за Пред дождот на Милчо Манчевски“)

    „Кога го снимив ’Пред дождот’ во 1993, веќе подолго време живеев во Њујорк. Се вратив со филм кој беше финансиран во Лондон и Париз, и бев збунет од промените во Македонија. Кога го примија филмот во Венеција во 1994, од фестивалот ми пишаа и бараа опис на тоа како изгледа македонското знаме, оти фестивалот немаше никакви информации. Кога го кренаа нашето знаме на Лидо, видов дека е за 3/4 помало од другите“, вели Манчевски.

    Името на новата држава Македонија за првпат се слушна во многу земји во светот со „Пред дождот“ (фото од архивата на Милчо Манчевски)

    Името на новата држава Македонија за првпат се слушна во многу земји во светот со „Пред дождот“ (фото од архивата на Милчо Манчевски)

    Во 1995, „Пред дождот“ беше номиниран за Оскар, а „Њујорк тајмс“ во вброи меѓу најдобрите 1.000 филмови на сите времиња.

    Во Јапонија во весниците беа објавени мапи за да покажат каде е Македонија, кога „Пред дождот“ играше во кино (фото од архивата на Милчо Манчевски)

    Во Јапонија во весниците беа објавени мапи за да покажат каде е Македонија, кога „Пред дождот“ играше во кино (фото од архивата на Милчо Манчевски)

    Филмското списание „Варајети“ на насловната пишуваше дека Грција протестирала што Американската филмска академија го користи уставното име на Македонија при доделувањето на Оскарите 1995, кога беше номиниран „Пред дождот“ (фото од архивата на Милчо Манчевски)

    Филмското списание „Варајети“ на насловната пишуваше дека Грција протестирала што Американската филмска академија го користи уставното име на Македонија при доделувањето на Оскарите 1995, кога беше номиниран „Пред дождот“ (фото од архивата на Милчо Манчевски)

    „Следната година филмот беше номиниран за Оскар и холивудската Академија наеднаш го смени односот кон нас, па почна да го користи БЈРМ. Одбив да одам на доделувањето. На два саати пред церемонијата, во хотелот се собраа претставникот на Академијата, директорот на Бритиш скрин, нашата делегација, сите во таксидо костуми. Јас бев по патики и скинати фамерки, оти бев убеден дека нема да одам. Академијата се уплаши од скандал и најдоа компромис“, се сеќава Манчевски.

    На доделувањето на Оскарите на 17 март, 1995, актерот Џереми Ајронс  ги најавуваше номинираните за најдобар странски филм. Набројувајќи ги земјите од кои се номинираните филмови рече „… и од Република Македонија, земјата што филмаџиите ја викаат Македонија, а ОН ја викаат Бивша југословенска република Македонија“, а потоа го најави „Пред дождот“ како филм од Македонија, додека на телопот стоеше БЈРМ.

    „Тие години во воздухот имаше чувство на радост, чувство дека сѐ е можно“, вели Манчевски за првите години од осамостојувањето на Македонија.

    Видео од доделувањето на Златниот лав за најдобар филм на „Пред дождот“ во Венеција на 12 септември, 1994:

    Видео од доделувањето на Оскарите на 17 март, 1995 во Лос Анџелес:

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари