ЗА 4 ГОДИНИ 19 ЖЕНИ СЕ УБИЕНИ ОТИ СЕ ЖЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА 4 ГОДИНИ 19 ЖЕНИ СЕ УБИЕНИ ОТИ СЕ ЖЕНИ

    За четири години Националната мрежа против насилство врз жената регистрирала 19 убиства на жена како последица на семејно насилство. Бројките се однесуваат на периодот од 2013 до 2016, а со убиството од пред два дена во Битола оваа бројка е 20 убиени жени од 2013 досега. Од Националната мрежа против насилство врз жената велат дека оваа бројка ја имаат врз база на случаите за кои е известувано во медиумите, бидејќи Министерството за внатрешни работи не води посебна статистика за овие убиства кои се викаат и фемициди. Статистика за фемицидите не води ниту Министерството за труд и социјална политика.

    „Според нашите бројки, во 2013 извршени се четири фемициди, во 2014 имало седум убиства на жени, во 2015 три жени се убиени, а лани убини се пет жени и регистриран е еден обид за убиство“, велат од Националната мрежа против насилство врз жената.

    Фемицид е најтешка форма на насилство врз жени и може да биде директна последица на домашно насилство или интимно-партнерско насилство. Терминот фемицид означува намерно убиство на жена затоа што е жена. Реакција по убиството на 47-годишната Е. М. Д. од Битола, која нејзиниот сопруг ја претепал на смрт со сукало, вчера имаше по социјалните мрежи од дел од невладините организации.

    „Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство не е ратификувана. Нема шелтер центри за жртви на семејно насилство, жртвите на насилство се соочуваат со недоволна и неефикасна правна и судска заштита, и сите овие фактори доведуваат често до смртен исход, кој би можело да се спречи“, велат од невладината организација ХЕРА.

    Според податоците на Министерството за труд и социјална политика во 2016 има 1.098 новопријавени случаи  на семејно насилство, од кои жртви жени се 779, деца се 141 и мажи 178.

    Во земјава има само четири државни шелтер центри и два кризни центри, кои ги раководат невладини организации. Вкупно во сите центри може да се сместат не повеќе од 30 жени. Лани, во регионалните центри за жртви на семејно насилство сместени се 30 жртви  и тоа 10 жени и 20 деца. Во шелтер центрите жените жртви на семејно насилство може да останат шест месеци, а во кризните центри 48 часа. По напуштање на шелтерот, жртвите на семејно насилство најчесто се сместуваат кај своите родители или блиски роднини, а ако не успеат да се сместат кај нив повторно се враќаат кај партнерот насилник.

    Според невладните организации, овие жени дури и да се вработени, ретко можат да си дозволат да живеат сами, бидејќи немаат доволно пари за кирија, сметки и да обезбедат средства за живот за нив и нивните деца.

    Националната мрежа против насилство врз жената предупредува дека иако во земјава има само едно советувалиште за сторителите на насилство, кое се наоѓа во Скопје, сепак скоро воопшто не се работи со насилниците и тие лесно може да го повторат делото.

    За последниот случај на семејно насилство во Битола од пред два дена, каде сопругот на смрт ја претепал својата сопруга, во Министреството за труд и социјала велат дека во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Битола никогаш не е пријавен случај за семејно насилство ниту се водела некоја постапка, а во моментов Центарот како орган за старателство е вклучен во заштита на правата и интересите на детето на убиената жена.

    На нашето прашање колку центрите за социјална работа во земјава имаат податоци за семејства во кои има насилство и дали и колку работат на превенција, во Министерствтто велат:

    „Министерството за труд и социјална политика води статистика добиена од сите 30 Центри за социјална работа. Согласно со Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, подзаконските акти и Протоколот за меѓусебна соработка,  Центарот ги презема сите потребни мерки и активности во делот на превенција, спречување и заштита од семејно насилство во соработка со релевантните институции“.

    disklejmer-prikazni-23734

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари